verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулативно-пропагандистичка хајка

on 21 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

01182016-Republika-Mancevsk 11

[Рецензија:Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но сега и тоа не е доволно]

 

Едноставно е несфатливо со каква леснотија се влегло во вакви неновинарски постапки. Нема ништо од  начелата на професионалното во оваа медиумска содржина. Напротив! Таа е реаултат на однапред подготвена политичко-пропагандистичка хајка да му наштети некому, кој има поинакво политичко уверување.

Не е тешко да се докаже дека оваа медиумска содржина е манипулација заради тоа што таа во себе нема факти. Во текстот нема ниту еден доказ, ниту една индикација што ќе потврди дека еден од потпретседателите на најголемата опозициска партија навистина дал изјава во која „признал“ дека избирачкиот список е прочистен.

01182016-Republika-MancevskЛинк до оригиналниот напис: Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но сега и тоа не е доволно

Датум и време на објавување: 17.01.2016, 18:50

Датум на рецензирање: 21.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ПРИЗНАНИЕ“ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ГОДИНИ!

Нема никакво „тазе“ признание. Во текстот никаде не се наведува кога и каде е дадена ваква изјава. Пребарувањето по интернет води до една изјавa Манчевски дадена во декември 2012 година, но и во неа тој не вели дека „избирачкиот список е прочистен“, туку дека за СДСМ „е важно избирачкиот список  да биде прочистен“.

Ова е изјавата на Манчевски којашто тогаш ја пренесоа медиумите:

„Дамјан Манчевски од СДСМ истакна дека партијата останува на заложбите за одржување фер и демократски избори. Повтори дека за нив е важно избирачкиот список да биде прочистен. СДСМ останува на барањето за целосно исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и да продолжат активностите на работната група и постојано да се следи динамиката на прочистување на Избирачкиот список.“

Тоа не исправа пред прашањето колку треба да се биде политички пристрасен за да исконструира една ваква манипулативна невистина. Одговорот е еден – многу!

Затоа, уште еднаш, констатираме дека пред нас е медиумска содржина која не ги почитува темелните професионални принципи од Кодексот на новинарите, како што се:

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи (Член 1);
  • Новинарот ќе го назначува изворот на информации…. (Член 4);
  • Известувањето од политичките процеси да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора  да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (14).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести