verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Искривена слика

on 20 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 11112 11

[Рецензија: Неуспешни преговори: Заев панично ја напушти средбата, Хан гарантира демократски избори]

 

Рецензираме спинерски текст во кој е комплетно извртена реалната ситуација. Во него има невистина, спин, пристрасност, навредлив говор, а во еден дел е направена и супституција на вистината со коментар.

 1111Линк до оригиналниот напис: Неуспешни преговори: Заев панично ја напушти средбата, Хан гарантира демократски избори

 Датум и време на објавување: 16.01.2016, 17:58

 Датум на рецензирање: 19.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

НЕВИСТИНА, СПИН, ПРИСТРАСНОСТ…

Да одиме по ред.

  1. Невистина!

„Откако владејачката партија исполни СÈ ШТО БЕШЕ ДОГОВОРЕНО…“

Доказ:

„Спогодбата од Пржино и понатаму е во функција и мора целосно да се спроведе. За жал, притоа, сè уште постојат значителни одложувања во многу области“, се вели во соопштението од Амбасадата на СР Германија.

„Треба да се заврши уште многу работа за веродостојни избори, особено во однос на гласачкиот список, балансирано медиумско покривање и еднаков пристап до медиумите“, се наведува во реакцијата на британската амбасада во Скопје.

Спин!

„…СÈ ШТО требаше е СДСМ да се согласи на избори, но противењето на опозицијата ги одведе во ќорсокак последните преговори…“

Доказ:

СДСМ кажа дека нема проблем со избори ако биде исполнето сè што беше договорено во Пржино, чии гарантори, меѓу другото, се ЕУ и САД. Значи, се извртува ситуацијата и се натура мислењето дека опозицијата е против избори.

Пристрасност!

„Премиерот Груевски потврди дека Заев не сакал да преговара за ништо друго освен за одложување и дека сите напори биле неуспешни и дека Заев цело време молел да се одложат.“

Доказ:

Суштински, ја нема втората страна во приказната. Недостига ставот на СДСМ, односно позицијата зошто не успеа последната преговарачка рунда. Ставен е само делот од изјавата на лидерот на опозицијата дека преговорите пропаднале… А зошто и како пропаднале, тоа не е важно?!

Коментар!

„Бадијала оптимизмот на Хан, преговорите во резиденцијата на ЕУ завршија неуспешно откако лидерот на СДСМ Зоран Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напушти средбата која траеше повеќе од осум часа.“

Доказ:

Одговорноста за неуспехот да се сведе само на една страна и на нејзиниот т.н. инает. Но, дали е тоа така? Реакциите на дел од јавноста (и не само политичка), како и позициите на некои од највлијателните земји-членки на ЕУ (што ги нотиравме погоре) говорат дека одговорноста треба да се бара и кај другата страна.

Недоличен говор!

„Лидерот на СДСМ при напуштањето на преговорите не успеа да ја сокрие фацијална експресија која издаваше тешка депресија и силна нервоза од ставот на Брисел и трите останати учесници во преговорите…“

Начинот на кој се опишува надворешниот изглед на Заев се граничи со невкус и му дава навредлив тон на целиот материјал.

Резулататот од ваквиот пристап е некоректно и непрофесионално сработено четиво, кое креира сосема погрешна слика за настанот – последната лидерска средба (15 јануари 2016 година), но и воопшто за политичката состојба во земјата. Во него се прекршени повеќе амандмани од новинарскиот Кодекс, вклучувајќи ја и преамбулата каде е децидно наведено:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести