verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст како изгаснат фенер, виси и не осветлува!

on 13 - 01 - 2016       

Заев веќе не може да го сокрие стравот_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Заев веќе не може да го сокрие стравот]

 

Четиво што нуди дијагноза на актуелната политичка ситуација, а таа, наводно, била „страв“?! Така се објаснува изјавата на првиот човек на опозицијата за можноста априлските избори да се поместат за неколку месеци. Се пренебрегнуваат, јасно и намерно, забелешките на СДСМ, но и на дел од меѓународната заедница, дека, како што велат, сè уште не се завршени голем дел од обврските од Договорот од Пржино и, наместо тоа, се одредува дијагноза дека опозицијата не само што се плаши, туку тоа веќе не може ни да го сокрие.

 aaaЛинк до оригиналниот напис: Заев веќе не може да го сокрие стравот

 Датум и време на објавување: 11.01.2016 13:39

 Датум на рецензирање: 12.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗАКЛУЧОЦИ ОД РАКАВ

Ова е материјал што паушално и без аргументи извлекува заклучоци „од ракав“, заборавајќи ја реалната ситуација, а притоа фокусирајќи се само на сопствени наоди, кои, за жал, не се поткрепени со факти. Се вели дека Заев се плашел од избори! Во ред, може и да е така, ама каде се доказите за такво нешто? Има ли внатрепартиски информации, брифинзи од СДСМ, изјави од, еве, на пример, познавачи на ситуацијата, ама навистина објективни (а не редовните „аналитичари“), кои би ја расчлениле состојбата и би дале фин генерален преглед? За жал, во текстот нема ништо од наведеното.

Имаме целосно отсуство на новинарските алатки за проверка на фактите. Па, барем да се свртел еден телефон и од засегната партија да се побара став – дообјаснување ако нешто не е јасно. Фигурира само една фраза дека експертската јавност веќе коментираше, која е како изгаснат фенер – виси, ама не врши работа и не ја осветлува приказната. Значи, ако веќе со толкава сигурност се тврди нешто како

„Опозицискиот лидер Зоран Заев повеќе не може да го сокрие стравот од изборно соочување со волјата на народот“,

тогаш тоа треба да биде издржано, а не само истурено и залепено.

Ако лидерот на СДСМ навестува дека можеби ќе се разговара за поместување на изборите од 24 април за друг датум, тоа по автоматизам не значи дека тој и неговата партија, како што се тврди, по секоја цена бегаат од избори.

Официјалната позиција на опозицијата е дека нема поента да се оди на избори без претходно целосно спроведување на Договорот од Пржино, зашто тоа би било само повторување на ситуацијата од минатите изборни циклуси што сликовито ни беше прикажана во некои од објавените прислушувани разговори, чија веродостојност ниту Брисел, ниту Вашингтон веќе не ја ставаат под знак прашалник. Овој исклучително важен аспект од целото прашање е заборавен и се пласира само нецелосна и невистинита теза.

Значи, не е и не може да биде исто „не сакаме избори“ и „не сакаме нефер избори кои ги прекршуваат демократските стандарди“. Да бидеме попрецизни, овој текст се фаќа само за тоа дека изборите се договорени и по секоја цена мора да бидат во април, што, во суштина, е и став на владејачката партија и е со умисла површно гледање на состојбата, но и на Договорот од Пржино. Целта на оваа спогодба, менаџирана од меѓународната заедница, не е само да се оди на избори, туку државните институции да манифестираат сила, капацитет и волја за нивно спроведување по европски, а не по партиски терк зашто партијата не е државата.

Имаме неосновани заклучоци, шпекулации, ама и коментари и невистинитости:

„Заев всушност сака пролонгирање на кризата и продолжување на сценариото со кое се држи целата држава во заложништво, и покрај тоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите барања согласно договорот.“

Ова е како „копи-пејст“ од некое соопштение на владејачката партија, која самата тврди дека сè е исполнето, иако тоа мислење не го делат странските олеснувачи.

Конечно, целиот материјал е спинерски, искористена е вест од друг медиум, па потоа злоупотребена за цели меѓу кои, секако, не е почитувањето на вистината и на правото на јавноста да биде информирана, како што нормира Кодексот на новинари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести