verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Ликвиден“ текст за ликвидноста

on 13 - 01 - 2016       

http___kapital.mk_kako-da-ostanete-likvidni-vo-2016_ 11

[Рецензија:Како да останете ликвидни во 2016?]

 

Неликвидноста е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат македонските компании, а пред истиот предизвик ќе бидат исправени и во 2016 година. Текстот што го рецензираме, дава одговори на прашањето кое се поставува и во самиот наслов „Како да останете ликвидни во 2016 година“. Поткрепен со извори, анкета , податоци од релевантен странски медиум (Гардијан), текстот е информативен и содржаен за компаниите.

KapitalЛинк до оригиналниот наслов: Како да останете ликвидни во 2016?

 Датум и време на објавување: 8.1.2016

Датум на рецензија: 13.1.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ДЕСЕТ ОДГОВОРИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛИКВИДНОСТА

Текстот почнува со порака до компаниите дека е потребно да се грижат за своите побарувања, укажувајќи на ризикот од штетата која може да ја донесе клиент кој не плаќа. За да се истакне проблемот со ликвидноста на компаниите, што подразбира навремено наплаќање на долговите, а оттука и навремено сервисирање на обврските кон другите, направена е анонимна анкета на која одговориле повеќе од 230 компании.

„Во анкетата што ја направивме со домашните бизнисмени, на прашањето кои ќе бидат најголеми предизвици за нивните компании во 2016 година, речиси сите, меѓу другото, ја истакнаа и неликвидноста – проблем што е особено засилен во домашната економија последниве неколку години. Успешното балансирање помеѓу плаќањето на своите обврски и наплатата на побарувањата ќе остане и понатаму една од клучните задачи за домашните менаџери доколку сакаат опстанок и развој на нивните компании.“

Понатаму во текстот, има изјави од релевантни извори кои нудат решенија за зголемување на ликвидноста преку почитување на закони, укажување тие да важат за сите, но се истакнува и горливиот проблем на македонското стопанство за нерамноправната положба на државните и приватните компании. Користениот релевантен извор ги посочува и проблеми што произлегуваат од неплаќањето, меѓу кои, најголем е земањето кредити за да се пополни таа „временска дупка“, што, од друга страна, влијае врз конкурентноста на странските пазари и на извозот.

„Законот за финансиска дисциплина мора да важи за сите компании без оглед дали се од приватниот или од државниот сектор. Вака како што денес функционира законот, државните компании се привилегирани во однос на приватните. Исто така во нерамноправна положба се наоѓаат и компаниите кои е извозно ориентирани. Имено овие компании за да можат да бидат конкурентни на пазарите надвор од државата мора да ги прифаќаат условите за одложено плаќање и поголемо од 120 дена. вели Златко Симоновски, директор на Факом.“

Освен извор кој директно произлегува од бизнисот, текстот нуди одговор на прашањето за ликвидноста и од финансиски експерт, кој со своите искажувања го свртува вниманието на бизнисмените на времето што им го дозволуваат на клиентите за наплата на долговите. Тој укажува на штетата од „попуштање на вентилот за одложено плаќање“. Укажувањата се добредојдени за бизнисмените, кои во грч да не ги изгубат своите клиенти, им дозволуваат да го одолговлекуваат неплаќањето. А, токму тоа може да биде погубно за бизнисот.

„Со цел повисоки  профити компаниите го попуштаат вентилот за одложено плаќање и со тоа стануваат кредитори на своите клиенти, услуга за која не само што не наплатуваат, туку им носи директна штета. Токму затоа компаниите мора да знаат или да научат да пресметаат која е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно да продаваат стока или пружаат услуги на одложено плаќање, вели Катерина Бошевска од ЕОС Матрикс.“

Освен релевантни извори и анкета која опфатила добар дел од македонските компании, текстот нуди и извадок од релевантен странски медиум кој целосно ја поткрепува темата и ја збогатува негова содржајност. Извадокот нуди 10 одговори на прашањата за подобрување на ликвидноста на компаниите. Имајќи ги предвид релевантните извори, содржајноста, информациите кои ги нуди, текстот кој е предмет на рецензија е добар пример за нудење одговори на прашања кои ги засегаат македонските бизнисмени.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести