verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без професионализам, текстовите остануваат „палаври“ (празни зборови)

on 13 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Оригинален напис: Зборовите на Мендух Тачи „палаври“, притворените од Бродец „умираат во затвор“, а тој се занимава со Куманово

Скопје, 4 јануари – Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ветил дека ако ДПА стане дел од новата влада, тогаш под итно ќе го реши проблемот со притворените косовари од Диво Населје во Куманово. Тој не дава објаснување дали и овој случај ќе го реши како оној од Бродец.

Тој ова го изјавил во едно интервју дадено за весникот Лајм. Инаку, во 2007 година, ДПА која беше дел од владата заедно со Премиерот Никола Груевски, организираше една голема полициска акција во Бродец, Тетово.

Во оваа акција имаше неколку жртви, и голем број на селани беа приведени и малтретирани на најбрутален начин од страна на македонската полиција. Соработникот на Тачи, Рефет Елмази, кој беше заменик министер на МВР, рече дека оваа акција била многу успешна за Албанците, без да спомне ниту еден збор за тортурите кои ги претрпеа притворените.

Инаку, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во неговото интервју за весникот „Лајм“ вети дека ќе одговори искрено на сите поставени прашања. Впрочем, ова беше и условот за да даде интервју. Во склоп на овие прашања, Тачи ја отфрла можноста за предизборна коалиција со ДУИ. Напротив, тој вели дека ги смета за сојузници сите албански партии кои ќе работаат во насока на одземање на легитимитетот на ДУИ, без разлика дали тие ќе прифатат или не коалиција со ДПА.  Што се однесува на предвремените парламентарни избори, тој вели дека од меѓународната заедница добил гаранција дека истите ќе бидат  фер и слободни, при тоа потенцирајќи дека доколку се случи спротивното, ДПА не само што ќе ги бојкотира изборите, туку и ќе организира масовни протести.

Во ова ексклузивно мегаинтервју тој за прв пат зборува отворено за фразата „верен до смрт“ која беше дел од опозициските „бомби“, како и за неговото можно повлекување доколку ДПА изгуби на изборите. И покрај општиот впечаток во јавноста, Тачи исклучува секаква можност за коалиција со ДУИ. Тачи зборува и за конфликтот во Куманово, ветувајќи дека случајот на притворените Албанци од овој конфликт ќе се реши само доколку победи ДПА. Тачи: Ако победи ДПА тогаш ќе се реши проблемот со притворените од Куманово.

[Рецензија: „Зборовите на Мендух Тачи „Палаври“, притворените од Бродец „умираат во затвор“, а тој се занимава со Куманово”]

Поради професионална слабост или немање волја за вистинско истражувачко новинарство, некои медиуми го одбираат полесниот пат, пласираат непотврдени, нецелосни и тенденциозни информации. Таков е и овој текст. Авторот го „трогнала“ изјавата на еден политичар, која, според него, е неоснована, и за да ја демантира истата, тој употребил факти и изрази кои ја нагласуваат неговата намера за дискредитација на еден непрофесионален начин.

Zhurnal - Fjalet e Menduh Thacit pallavra, te burgosurit e Brodecit po vdesin ne burg ndersa ai do merret me Kumanoven 1Линк до оригиналниот напис: Зборовите на Мендух Тачи „Палаври“, притворените од Бродец „умираат во затвор“, а тој се занимава со Куманово

Датум на објавување: 04.01.2016, 13:00

Датум на рецензирање: 06.01.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Текстот има проблеми уште од самиот наслов. Авторот ги нарекува зборовите на Мендух Тачи „палаври“ што е неетички израз (жаргон кој не е дел од албанскиот јазик), кажан од самиот новинар во текстот на оваа вест. За да ги демантира изјавите на еден политичар, Мендух Тачи, дадени во едно интервју за „Лајм“, политичар со кој новинарот лично не се сложува, тој се нафатил да направи споредба меѓу случувањата во Куманово и во Бродец. Овие два настани не се поврзани еден со друг. Затоа, ако новинарот сака да ги анализира паралелно, тој треба да биде многу внимателен, за неговиот краен продукт да не заврши на начинот на кој и завршил.

Недостатоците ги има во првиот дел од текстот. Поточно, првите три параграфи се коментари на авторот за овие два настани. Еве дел од текстот:

„…Тој не дава објаснување дали и овој случај ќе го реши како оној од Бродец…“

Како новинар, не може да претпоставиш дека некој одбил да даде објаснување, кога од него не е побарано објаснување.

„Во оваа акција имаше неколку жртви, и голем број на селани беа приведени и малтретирани на најбрутален начин од страна на македонската полиција. Соработникот на Тачи, Рефет Елмази, кој беше заменик министер на МВР, рече дека оваа акција била многу успешна за Албанците, без да спомне ниту еден збор за тортурите кои ги претрпеа притворените.“

Вториот дел од текстот е во ред. Во него има објективно толкување на интервјуто за „Лајм“. Ова автоматски и многу лесно остава до знаење дека првиот дел е тенденциозен продукт на авторот и вториот дел (каде што се толкува интервјуто), е продукт на некој што на тоа гледал од пообјективен аспект. И, токму така и е. Вториот дел е копиран од lajmpress.mk, од оригиналното интервју.

Новинарот треба да знае да прави разлика меѓу фактите и мислењето, меѓу веста и коментарот, пишува во етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија.

Авторот, во овој случај, можеше да направи објективно отсликување на изјавата на актуелниот лидер на ДПА, Мендух Тачи, и истата да ја постави наспроти историските факти за случајот во Бродец, основано врз други извори и неспорни податоци. Целиот дел со коментарите е непотребен, неетички и тенденциозен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести