verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Равенство меѓу пријател и фејсбук-пријател

on 14 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот I Ре_ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија:Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот]

 

Овој текст има спинерски наслов: „Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот“.  Специјалната обвинителка Јанева, всушност, е пријател со Бекири на „Фејсбук“, што е различно.

katicaЛинк до оригиналниот напис: Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот

Датум и време на објавување: 10.01.2016, 23:32

Датум на рецензирање: 14.01.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„ФЕЈСБУК“ – КРУНСКИ ДОКАЗ!

Тоа што Катица Јанева е со некого пријател на „Фејсбук“, не значи дека е пријател со таа личност и во приватниот живот. Таа може и воопшто да не го познава Бекири, како што, впрочем, е случај со голем број  ФБ-пријателства. А и да го познава, тоа не  е некаков грев. Тоа не менува ништо во врска со нејзините задачи и компетнции што произлегуваат од функцијата што ја извршува. Но, во насловната конструкција намерно се става знак на равенство меѓу „пријател“ и „ФБ-пријател“ и во јавноста сè испраќа манипулативна порака која ја става обвинителката во негативен контекст.

По истиот принцип, во написот се прави линк меѓу Бекири и опозицијата. Притоа, повторно како „доказ“ се посочува тоа што тој е фејсбук-пријател со неколку личности од опозициските редови.

Текстот, практично, е содржински празен. Тој  има три реченици „поткрепени“ со два принтскрина од ФБ-профилот на Бекири. И тоа е сè. Во него ја нема втората страна. Не е побаран став од Јанева и од опозиционерите што се споменуваат, туку, онака, со леснотија се етикетираат – само затоа што ги има на листата на ФБ-пријатели на Бекири.

Ваквиот начин на пишување и на пласирање информации нема некоја допирна точка со новинарството. Во оваа некоректна медиумска содржина, затаиле принципите на добрата новинарска практика. Таа наликува на политички мотивирана (дез)информација, која има цел да ја спинува вистината и да дискредитира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести