verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предупредување: снежна бура од наслов!

on 14 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ_ Подгответе се снежна б_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_p 11

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија]

 

Насловот на текстот (со зацрнети и големи букви) има интенција да го привлече вниманието на читателите и притоа тој свесно предизвикува паника дека ќе ни се случи снежна бура! Дури, направен е таков избор на насловната конструкција што прозвучува како„бурата“ да се случува во моментот. Имајќи предвид, пак, дека сите официјални предупредувања од можни временски непогоди ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, насловот без конкретни докази во текстот ја дезинформира јавноста.

vremeЛинк до оригиналниот наслов: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија

Датум и време на објавување: 13.1.2016

Датум на рецензија: 14.1.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

СЕЕЊЕ ПАНИКА

Во содржинскиот дел на написот нема елементи што ќе го поткрепат тврдењето искажано во паничниот наслов: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија“. Принтскринот од веб-страницата за прогноза на времето, што е употребен како илустрација на текстот, укажува на сончево и умерено облачно време, а не на снежна бура.

Текстот се повикува и на информации од Управата за хидрометеоролошки работи, кои се однесуваат на студено време и на врнежи од снег, ама и од УХМР нема предупредување за снежна бура.

„Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.“

Исто така, на фејсбук-страницата на УХМР има известување за тоа какво време нè очекува во наредните денови, вклучително и за претстојниот викенд (16 -17  јануари 2016), но и тука не се споменува „снежна бура“.

Од друга страна, иако во насловот на читателите им се сугерира да се подготват, никаде во текстот не се нудат информации на кој начин да го сторат тоа.

Знаејќи, пак, дека временската прогноза ја следат бројни институции, субјекти чие непречено функционирање во голема мера зависи од временските услови (аеродроми, градежни компании), материјалот што го рецензираме без соодветна поткрепа на тврдењата, ја дезинформира јавноста и може неагативно да влијае врз плановите за работа, динамиката, патувањата…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

има во насловот

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести