verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст со сите нишани

on 15 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

НОВА Аналитичари_ Нема услови за фер избори без _ - http___novatv.mk_index.php 11

[Рецензија: Аналитичари: Нема услови за фер избори без целосна имплементација на Пржино]

 

Текст правен како што треба, нареден, стокмен, со сите новинарски нишани – од извори, до јасно именувани соговорници, лишен од непотребни сугестивни интервенции и од коментари. Материјал што на публиката ѝ разглобува една сложена политичка ситуација.

 1111111Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: Нема услови за фер избори без целосна имплементација на Пржино

 Датум и време на објавување: 12.01.2016   18:05

 Датум на рецензирање: 14.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

УБАВ ПРИМЕР

Имаме комплексно прашање на кое му е пристапено професионално, сè за на јавноста да ѝ се понуди подобра слика за прашањето низ согледувањата и анализите на неколкумина соговорници, секој од нив одлично упатен во одредени аспекти од проблемот што се анализира. Станува збор за универзитетски професор, советник за национална безбедност и за надворешни прашања на двајца претседатели на РМ, експертка од областа на евроинтеграции која долги години беше и дел од владиниот секретаријат за европски прашања и новинар-аналитичар со богата кариера, човек со добри контакти со претставници на меѓународната заедница. Нивните ставови се сублимирани во овој напис, кој се обидува да ја објасни ситуацијата околу предвремените избори, дали има услови за нивно спроведување во април, што значи ненадејната средба меѓу американскиот потпретседател и македонскиот премиер во Вашингтон, што може да се очекува од посетата на еврокоемсарот за проширување на Скопје…

Иако секогаш ќе има такви кои ќе спорат дека соговорниците се „блиски“ до опозицијата, но имаме контрааргумент – авторката на текстот се обидела да стапи во контакт со уште двајца аналитичари кои важат за поблиски до десниот камп, но кои не дале повратен одговор. Значи, во ниту еден момент не може да се спори намерата за објективност и за држење професионална дистанца од, условно кажано, двете страни. Обидот да се стапи во контакт со уште двајца на веќе постојните три соговорници зборува за добра новинарска ангажираност.

Паралелно со изјавите на домашните познавачи на состојбата се нудат и позициите на европратеничката тројка, која беше во Скопје токму за да го олесни пронаоѓањето решение за ситуацијата и за рестартирање на т.н. Пржино-процес. Со тоа дополнително се збогатува содржината на написот што, пак, разбирливо значи поголем квалитет за публиката на која ѝ е наменет. Коректно се пренесени странските посредници и од новинарска гледна точка „извлечени“ се главните пораки, без да се забошотат клучните елементи од нивните настапи.

Материјалот е ослободен од непотребни коментари, квалификации, заклучоци и од наметнување сопствени ставови на читателите. Едноставно, земени се изјави од неколкумина, добро се вклопени и предочени пред јавноста. Убав пример за квалитено сработен текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести