Текст за кликови
Објавено во Рецензии
on 15 - 01 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види]
Самиот наслов на текстот наведува на мислење дека оваа семејна драма можеби се случила во Македонија, што го привлекува читателот да клинке на текстот, за потоа да сфати дека на некој начин е прелажан затоа што ситуацијата се одвивала во друга земја.
Линк до оригиналниот напис: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види
Датум и време на објавување: 11.01.2016, 09:51
Датум на рецензирање: 14.01.2011
Рецензент: Симона Атанасова
ИЗМАМЕНИ ЧИТАТЕЛИ
Текстот, всушност, e кратко прераскажување на фејсбук-статус на анонимна жена од Белград. Како додаток на текстот е закачен принтскрин од статусот на жената која моли за помош.
„Жена од Белград моли за помош. Славица Бурмазовиќ на својот профил на Фејсбук објави апел за помош бидејќи нејзиниот невенчан сопруг и ги земал трите деца и ги одвел во Турција.“
Настрана тоа што објавата на „Фејсбук“ не ги засега македонските читатели, текстот не дава никаква потврда дека овој статус е вистинит. Многу лесно може ова да е лажен пост. Нема потврда ниту од ниту една институција, ниту од жената, туку само е оставен постот да виси во воздух.
Иако во насловот и во текстот е истакнато едека Славица моли за помош, не е објаснето како тој што го чита текстот може да ѝ помогне на жената во нејзината лична драма.
Освен константата борба за што повеќе кликови, нема друго објаснување како ваков фејсбук-статус може да стане вест во медиум што ги добива екслузивните интервјуа на премиерот Никола Груевски.
Со вакви текстови, целта на одредени портали е брзо придобивање читатели и кликови, а не точна и проверена информација. Статус на непозната личност не може да биде основа за релевантен новинарски текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови