verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредите на мегдан – вистината скриена

on 15 - 01 - 2016       

Како Петар Гошев стана “Перо апашот” I_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 1 11

[Рецензија: Како Петар Гошев стана “Перо апашот”]

Колку лесно се забораваат новинарските стандарди, објективноста, па и вистината, кога пред објективот се наоѓа критичар и политички неистомисленик на гарнитурата чиишто политички ставови се бранат и се афирмираат? Одговорот на ова прашање може да го даде и анализата на текстот што е предмет на оваа рецензија.
Веќе од насловот се гледа дека во пишувањето на написот се извадени ракавиците – тој е отворено навредлив и обвинувачки. Истовремено, на читателите им ветува објаснување: како тоа екс-гувернерот на Народната банка на Македонија станал „апаш“, народски збор за криминалец, крадец? Сепак, кога ќе се исчита, следи разочарување бидејќи текстот нуди куп невистини, навреди и полувистини, а многу малку вистини. Клучниот аргумент за наводниот криминал на Гошев не е ништо друго освен невистина – демантирана уште во 2008 година од Државната комисија за спречување на корупција. Меѓутоа, текстот го премолчува овој „детаљ“.

Рецензија: Како вистината остана сокриена, а навредите неЛинк до оригиналниот напис: Како Петар Гошев стана “Перо апашот”

Датум и време на објавување: 10.01.2016, 14:17

Датум на рецензирање: 14.01.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ПРЕМОЛЧЕН ВАЖЕН МОМЕНТ

Овој текст е сериозно скаран и со фактите и со вистинитоста и со веродостојноста. Тој се базира на непоткрепени тврдења, кои ги подметнува како факти. Еве само една реченица како пример:

„Петар Гошев во периодот кога ја вршеше функцијата гувернер на НБРМ остана запомнат како еден од најнеуспешните гувернери, бидејќи во негово време се случи рекордната стапка на невработеност и исклучително нискиот економски раст на државата во време кога сите земји бележеа раст.“

Нејсно е како е дојдено до констатацијата дека Гошев бил „еден од најнеуспешните гувернери на НБМ“. Не се наведува кој и како му ја измерил успешноста за да се знае дека мислењето не е само онака, истресено од ракав!? Мистерија останува и тоа каква е поврзаноста на еден гувернер на институција каква што е НБРМ со стапката на невработеноста, па и со висината на економскиот пораст? Како поинаку да се оцени ова тврдење освен како малициозност и флагрантно незнаење?
Еве друг, еднакво смешен пример:

„Како министер за финансии во Владата на СДСМ ќе остане запаметен како човекот кој го покачи данокот за граѓаните и ги зголеми цените на лековите.“

Овде, веројатно, се игра на картата дека некој од читателите не знае дека еден министер, па и оној за финансии, не донесува самостојно одлуки од доменот на фискалната или ценовна политика, туку е поставен на таа функција да спроведува владини политики и одлуки.
Гледано од аспект на понудените докази, текстот е несериозен, напати дури смешен:

„Поранешниот гувернер Петар Гошев сместен во удобна хациенда во една од подобрите скопски населби во неколку наврати создава слика на душегрижник за стандардот на граѓаните и економската ситуација, глумејќи дека е добро запознаен со состојбата на граѓаните. Но, дужегрижникот Гошев кој упорно кажува колку е лошо и дека куќата ја градел со другарите, живее во вистинска хациенда од три ката.“

Што е тука спорно? Дали е тоа населбата во која живее душегрижникот Гошев, кој му ја градел куќата или што куќата има три ката, па тој не може и не смее да има свој став за стандардот на граѓаните и за економската ситуација?

Работите не стојат многу подобро ниту на планот на користените извори: навредите што некој, наводно, ги напишал на „Фејсбук“ против Гошев се главниот извор, потоа следува пишување на некогашниот неделник „Време“, за на крај да се коментира изгледот на семејната куќата на поранешниот гувернер, чиишто фотографии се објавени.

Во овој куп несериозни и смешни тврдења подметнати како факти, написот наменски и селективно го прикажува и случајот со купувањето плац во близина на граничниот премин Богородица, за кој Гошев своевремено беше во фокусот, како на јавноста, така и на надлежните институции. Тука написот се повикува на пишувањето на весникот „Време“. Расположливите информации до кои може да се дојде преку интернет, зборуваат дека станува збор за случај во кој

„Петар Гошев, тогашен гувернер на Народна банка на Македонија, купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.“

Гошев навистина го купил споменатото земјиште, ваквата постапка  ја „прочешлале“ надлежните институции (УЈП и Државната комисија за спречување на корупција) и не нашле ништо спорно. Сепак, овој напис тоа елегантно го премолчува.

Навредлив за објектот на „анализава“, но навредлив и за интелигенцијата на читателите е овој „обид“ за објективизиран пристап, кој е направен во текстот:

„На социјалните мрежи може да се забележат дузина коментари за тоа дека најсоодветен надимак за екс гувернерот и политичар Петар Гошев е надимакот Перо апашот. На прв поглед малку суров надимак, но како и секој надимак тој најдобро ја отсликува личноста за кој е наменет.“

Тешко дека може да се избегне впечатокот дека „надимакот“ или на литературен македонски јазик кажано„прекарот“ на Гошев е промовиран и преку социјалните мрежи, а и преку написи како овој, како своевидна одмазда токму во моменти кога критиките на поранешниот гувернер упатени кон Владата и премиерот, особено вжештија во последните денови од старата и во првите денови од новата 2016 година.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести