verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кажете го она што сакаме да го чуеме!

on 12 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Ванхојте за средбата со Милчин_ „Дури и во оваа држава_ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија: Ванхојте за средбата со Милчин: „Дури и во оваа држава“ имам право на приватност]

 

На еден портал за два часа излегоа двa написа за ист настан. Ова е вториот и тој се обидува да добие посаглам потврда од еден од актерите на настанот. Истовремено, се забележува упорност во барањето потврда на изнесеното во првата вест и тука има своевидна испрашувачка настојчивост. Но, откако изворот бил упорен во држењето до своите мотиви, се отишло на претворање на веста во наменско портретирање на изворот. Се работи, инаку, за олеснувачот Питер Ванхауте и за неговото приватно пиење кафе во еден ресторан во Дебар-маало.
Ванхојте за средбата со Милчин_ „Дури и во оваа држава_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Ванхојте за средбата со Милчин: „Дури и во оваа држава“ имам право на приватност

Датум и време на објавување: 10.02.2016, 14:55

Датум на рецензирање: 11.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПОТВРДЕНА СРЕДБА, НЕ И СОДРЖИНА

„Питер Ванхојте, европскиот олеснувач во политичкиот дијалог потврди дека денеска имал средба до челните луѓе од СОРОС фондацијата во Македонија. Како што објави „Република“, во период кога траат консултациите за законот за медиуми, на средбата Владимир Милчин и други неколкумина од организациите – ќерки на Сорос, од Белгиецот барале „да се продолжи со притисокот“. Ванхојте ја потврди средбата , но сепак тој не сакаше да ја коментира содржината од средбата, ниту за што тоа се барало да се продолжи со притисок.“

Логиката на текстот поаѓа од една хипотеза – предлогот на Ванхауте за регулирање на медиумската сфера е желба на невладините организации (под „а“); невладините организации се под шаторот на опозицијата (под „б“); оттаму предлогот на Ванхауте е пристрасен и треба да се одбие како таков (под „в“).
За да се докаже таа теза, текстот нема „штоф“ и се базира само на една точна вест: посредникот и неколку поранешни и сегашни членови на невладини организации си пиеле кафе.

Претходната вест дека членовите на НВО со кафето побарале и зголемен притисок од Ванхауте врз учесниците во преговарачкиот процес кај реформите од медиумската сфера, останува на недефиниран извор и едноставно – виси.

На телефон е добиена потврда од Ванхауте дека пиел кафе, дека е тоа приватна средба и дека тој има право на тоа. Наведувањето низ прашањето дека таа средба има врска со споменатата хипотеза не минува крај тврдиот Ванхауте и затоа следува дефокусирање од типот: „ако соговорникот не ни го потврди бараното, не чини соговорникот“ !!!

Во текстот, меѓу другото, се забележува и дека:

„За време на преговорите, пак, тој (Ванхауте н.з.) не се воздржуваше од недоличен и безобразен речник.“

Само, од каде знае авторот што рекол Ванхауте кога тие средби се затворени!? Реченицата е пишувана во директна форма, како да е кажана од сведок на настаните.

За да се заокружи сликата дека Ванхауте, наводно,  „ја мрази државава“, се понудени негови фотографии кои ги правел во слободно време, што, пак, не докажуваат ништо. Дадена е и фотографија на Ванхауте со две девојки, со асоцијација дека се работи за „срдечност со подмладокот на СДСМ“.
И така, од пиењето кафе на олеснувачот со членови на НВО, оваа медиумска содржина доаѓа до тоа дека посредникот се сликал со наводни две претставнички на подмладокот на СДСМ, ја мразел земјата во која престојува… Каква кармакаша…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести