verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана приказна во корист на власта

on 12 - 02 - 2016       

komisija 11

[Рецензија: СДСМ ги користи амандманите за да ја блокира работата на Комисијата за образование]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски скроен  и неаргументиран. Уште со насловната конструкција се испраќа тенденциозна порака во која се обвинува опозицијата дека сака да ја блокира седницата на собраниската Комисија за образование, која на 3 февруари 2016 година расправаше за владиниот предлог за основање нов универзитет „Дамјан Груев“. Но, во написот нема докази за ваквите обвинувања.

komisijaЛинк до оригиналниот наслов: СДСМ ги користи амандманите за да ја блокира работата на Комисијата за образование

Датум и време на објавување: 9 февруари

Датум на рецензија: 11 февруари

Рецензент: Силвана Жежова

 

А КОЈ БЕШЕ НАСИЛЕН НА 24 ДЕКЕМВРИ?!

Однесувањето на опозицијата во текот на комисиската расправа за новиот универзитет се поврзува со настаните од  24 декември 2012 година, за опозиционерите да се претстават како насилни, иако „црниот понеделник“ од пред четири години е запаметен по тоа што токму  пратениците од опозицијата беа насилно извадени од собарниската сала, а новинарите од  собраниската галерија. Исто така, двата случаи (седницата на Комисијатаза образование  и „црниот понеделник“), немаат никаков меѓусебен линк.

„Однесувањето на пратениците од Пратеничката група на СДСМ во Собранието се повеќе наликува на истото она сценарио кое што СДСМ го спроведе во декември 2012 кога се обиде да го блокира донесување на Буџетот за 2013 година.“

Понатаму во текстот не се дава образложение за содржината на амандманите што опозициската партија ги поднела, туку истите само се оквалификувани како „бесмислени“, без да се даде одговор зошто?

„Откако поднесоа околу 1.000 безсмислени амандмани кои немаат никакво суштинско значење и бидејќи амандманската расправа ќе се одвива до недоглед, СДСМ ја блокира Комисијата за образование, наука и спорт односно носењето на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир.“

Настрана фактот што работа на пратениците е да подесуваат амандмани за да се подобрат законските предлози и не може да им се зама за грев што поднеле толку многу амандмани (984, а во написот е заокружено на 1.000).

Во написот се изнесува и невистина дека од СДСМ не се произнеле по ова прашање.

„Пратениците од Пратеничката група на СДСМ ниту еднаш досега не се изјаснија зошто се против основање на универзитет кој што треба да произведува и обучува кадри кои што ќе се занимаваат со националната одбрана, безбедноста и мирот во Република Македонија, туку напротив, како и во многу наврати досега, СДСМ се противи на сите позитивни проекти кои што се во корист на граѓаните и државата.“

Социјалдемократите, сепак, дадоа  образложение зошто се противат на изградбата на универзитетот.

„Како опозиција, ја прашуваме владата зошто не е поднесен до пратениците Елаборатот за формирање на универзитет на разгледување? Исто така и каде е одлуката на одборот за акредитација со која се дава мислење за нов Универзитет? Зошто сеуште се држи во тајност составот на одборот за акредитација?“

 

„СДСМ и опозицијата нема да дозволат создавање на нови факултети чија единствена цел е вдомување на партиски јуришници на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ уште еднаш шверцерски сака да ја протне и оваа одлука без да се испочитуваат законите и процедурите во оваа држава. Денес имате прилика да видите како кршејќи го Деловникот кои самите го донесоа, со насилие и самоволие да ја ограничат дебатата на поднесувачите на амандманите односно на опозицијата. Циркус и хаос е она што се случува на Комисијата за образование од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.“ (Горан Сугарески)

Но, оваа објава свесно го игнорира ставот на СДСМ за да може да ја спинува вистината и да ја креира приказната во корист на владејачката партија. Тоа, пак, е постапка која се коси со основните принципи на добрата новинарска практика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести