verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Може да се почне од сомневања, но основа се фактите

on 12 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Zurnal1

Напис: Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!

Скопје, 30 јануари: -Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, започнал интензивна кампања за да ги убеди неговите поранешни сопартијци да се вратат во редовите на неговата партија. Како што се дознава неофицијално, Тачи повикал неколку јавни личности кои се познати како поддржувачи на оваа партија, нудејќи им и позиции во листите за пратеници.

Ловот на оваа партија, главно се одвива во таборот на ДР-ДПА, субјектот кој успеа да привлече еден дел на членството, но и борбата за нови гласачи.

[Рецензија:„Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!”]

Под притисок постојано да бидат во потрага по вест, новинарите може да почнат потрага и за работи што во моментот не привлекуваат некое внимание, но потоа истражуваат за нив. Во текстот што го рецензираме, покрената е загриженост за падот на бројот на поддржувачи на ДПА, прашање што е од јавен интерес, но за да се дојде до заклучок со факти, потребно е вистинско истражување.

Zhurnal - Thaci nw Cair nuk mund tw gjejw kandidat pwr deputetw, pdsh-ja nw panik ku humbwn anwtarwtЛинк до оригиналниот напис: „Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите

Датум и време на објавување: 30.01.2016, 09:38

Датум на рецензирање: 02.02.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Прашањето што се истражува во текстот е падот на бројот на членовите на ДПА и обидот на лидерот на оваа партија да ги врати во нејзините редови и поранешните членови. Ова може да биде и вистина и во предизборие, интересот за внатрепартиските активности, особено е од јавен интерес. Но, ова прашање бара анализа со бројки, документи и луѓе. Тоа е нешто што недостига во текстот и дури и не знаеме како може да поверува во тоа читателот кога нема доказ за тоа што се тврди, иако е ставена оградата „неофицијално“?

„Како што се дознава неофицијално, Тачи повикал неколку јавни личности кои се познати како поддржувачи на оваа партија, нудејќи им и позиции во листите за пратеници.“

Нема бројки за колку поединци станува збор, колку се заминати и колку јавни личности се повикани од Тачи за да бидат дел од ДПА, а да не зборуваме за имиња или други докази. Нема ниеден показател дека ДПА е навистина „во паника“, како што се тврди дури во насловот.

„Ловот на оваа партија, главно се одвива во таборот на ДР-ДПА, субјектот кој успеа да привлече еден дел на членството, но и борбата за нови гласачи.“

Вклучувањето на двата субјекти во текстот подразбира дека, заради професионалноста, треба да има обид да се земе и нивна изјава, за да се потврдат или демантираат тврдењата. Ова го сугерира и Прирачникот за етика во новинарството во кој е наведено што е императив:

Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку од два независни извори.

Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира.

Немањето реакции од страна на ДПА, но и други факти, го прават овој текст неверодостоен и шпекулативен, основан само на претпоставки. Од друга страна, ваков текст се смета и за тенденциозен, бидејќи сака да го девалвира политичкиот субјект. Падот на поддршката за ДПА може да се утврди само по бројот на гласови добиени години наназад, но без факти, веста останува површинска и шпекулативна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести