verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Двапати пресметај, еднаш објави!

on 11 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

brojka 11

 

[Рецензија: Утре почнува судењето за „Диво насеље“, 18 обвинети за тероризам]

 

Чиста математика. Не е исто 18 и 29, поточно, ептен е различно. Вистинската информација е 29 обвинети, а не 18 како што пишува во овој текст.

 аааааЛинк до оригиналниот напис: Утре почнува судењето за „Диво насеље“, 18 обвинети за тероризам

Датум и време на објавување: 08.02.2016 12:42

 Датум на рецензирање: 09.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

18 ≠ 29

Овој производ има една, ама, сепак, крупна мана и таа се поврзува со вистинитоста. Точно е дека судење ќе има.  „Да“ за случајот „Диво насеље“, но „не“ за бројот на обвинети што ќе се појават во судницата. Имено, вкупно обвинети за кумановските настани се 29-мина, а не 18 како што нè (дез)информира текстот.

Најверојатно, станува збор за ненамерен пропуст, но во прашање е грешка која сериозно се одразува на целиот текст. Може да нагаѓаме дека забуната настанала поради 18-те жртви во дводневните судири меѓу полицијата и вооружената група. Но, не смее да има изместување во фактите зашто станува збор за исклучително тешка и значајна тема, како од новинарска, така и од општествена гледна точка. Да бидеме искрени, и други портали ја направиле истата грешка во броење, а некои ја поправиле иако трага е останата.

 

1

Во некои текстови за новинарството се наведуваат пет причини за „Извинете, погрешни бројки“ – текстови, а конкретниот пример спаѓа во последните две:

  • новинарска грешка при пресметувањето;
  • новинар ја повторува грешката изворно направена од друг медиум.

Другиот дел од написот, со икслучок на насловната конструкција, каде исто така се „протнала“ дезинформацијата, е коректен, иако за комплетирање на сликата можела да биде наведена и бројката на загинати припадници на вооружената група. Во не многу долгата вест, најдено е простор и за „бекграунд-информации“. Но, за жал, утната е главната бројка.

Што препорачуваат од „Колумбија џурнализа ривју“ (Columbia journalism review):

„Двапати пресметај, еднаш објави“!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

неточна информација

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести