verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ќор-фишек наместо мегаскандал

on 11 - 02 - 2016       

МЕГА СКАНДАЛ_ Во Брисел врие по откритието дека Ван _ - http___infomax.mk_wp_ 11

[Рецензија: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието дека Ван Хојте бил потплатен од СДСМ со 1.250.000 евра за рушење на медиумите!]

 

Невистинит од насловот па сè до последната реченица. Ова би била куса дефиниција за писанието што користи форма на новинарски текст, но нема никаква врска со новинарството. Поттурен им е на читателите како информација за божемна коруптивна афера, опремен со бомбастичен наслов и потпрен на тврдење на сосема некомпетентен и нерелевантен извор.

Овој текст неуспешно се затскрива зад маската на истражувачко или вочдог-новинарство кое трагало и дошло до вистината, но тој не е ништо друго освен евтин пропагандистички памфлет наменет за дискредитирање на европосредникот Питер Ванхауте.

Рецензија: Ќорфишек место мега-скандалЛинк до оригиналниот напис: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието дека Ван Хојте бил потплатен од СДСМ со 1.250.000 евра за рушење на медиумите!

Датум и време на објавување: 5.02.2016

Датум на рецензирање: 9.02.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ОВА Е ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО?!

Текстот се темели на тврдења кои не можат да поминат ниту како шпекулации бидејќи на читателите им се презентирани како тврдења на само една личност, која себеси нескромно се нарекува „исклучително добро информираниот новинар“. Тој, пак, се повикува на свои извори во десничарските европски партии. Нема ниту еден друг извор кој би можел на некој начин, посредно или непосредно, да ги потврди или барем да им даде некаква поткрепа на тие тврдења.

Но, наводите паѓаат во вода уште кога ќе се обидеме да го провериме основното тврдење, дадено во насловот, а тоа е дека има „мега-скандал“ и дека „во Брисел вриело по откритието дека Ванхојте бил потплатен од СДСМ со 1.250.000 евра за рушење на медиумите“. Доколку пребарувате материјал на оваа тема на интернет, ќе добиете податок дека нема ниту еден текст кој ниту допира, а не, пак, да пренесува информација за каков било скандал поврзан со името на европосредникот Питер Ванхауте, од кој „врие во Брисел“. Нема ниту информација дека тој е повлечен од својата позиција и не ја извршува повеќе својата посредничка улога во преговорите поврзани со Договорот од Пржино. Токму спротивното, Ванхауте, сè уште е во Скопје (11 февруари 2016 година) и ја извршува својата улога.

Од друга страна, пак, тешко може да се поверува, дека во случај навистина да имало каква било трага од сомневање, а не, пак, да постоел коруптивен скандал поврзан со името на Питер Ванхауте, Владата ќе дозволи тој и понатаму да ја врши истата функција, без да вложи протест или да побара негово отповикување од Европската унија. Со други зборови, наместо мегаскандал – гласна тишина.

Објавување на непотврдени информации за наводни скандали во чие средиште се личности, кои во континуитет се мета на шпекулации, неточни тврдења, па и на навреди, единствено говори за тоа колку неквалитетен материјал им е понуден на чиатателите

Инаку, во текстот особено шеговито прозвучува делот во кој врвот на СДСМ, онака попатно, додека го корумпирал Питер Ванхауте во „малото туристичко градче во Грција на брегот на Јонското море“, наводно, безуспешно се обидел  да ги подмити (!!!) и најекспонираните медиумски имиња кои ја бранат владината политика.

„Заклучокот на врвот на СДСМ било дека немаат ниту една друга можност да се справат со реалните медиуми во Македонија. Заклучиле дека не можат да ги купат како тоа што го направиле со 24Вести, Алсат и Телма. Исто така, и покрај тоа што нуделе, новинарите како Латас, Миленко, Јанко, Цаци, Сарма не прифатиле да се продадат за ниту една цена, а им биле нудени по 200.000 евра. – вели Неделковски.“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести