verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Половична и збунувачка информација

on 12 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

sportska 11

 

[Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП!]

 

Во овој текст се пласирани половични податоци, со што читателите се површно информирани за тоа кои добивки од игрите на среќа треба да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП).

Media.mkЛинк на оригиналниот напис: Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП! 

Датум и време на објавување: 02.02.2016

Датум на рецензирање: 11.02.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕПРЕЦИЗНОСТ

Информацијата дека во УЈП треба да се пријават добивките од спортска прогноза и од заработувачката на интернет е вистинита. Меѓутоа, во написот не е убаво објаснето конкретко кои добивки треба да се прикажат во даночната пријава.

„Доколку, освен плата и пензија остварувате дополнителни приходи, добивте регрес за годишен одмор за мината година или пак, имате приливи од игри на среќа или од работа преку интернет, ќе мора да ги пријавите најдоцна до 15 март годинава во Управата за јавни приходи.“

Вака објавената инфрмација е непрецизна и некомплетна. Имено, на официјалната веб-страница на УЈП јасно е наведено дека тоа се однесува на добивки од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари и на приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници.

Исто така, во текстот е посочено дека треба да се пријават дополнителните приходи од работа преку интернет, ама не се кажува дека станува збор специјализирани страници (според напишаното на веб-страницата на УЈП):

„приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com , www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија“. (УЈП)

Нема сомнеж дека соопштената информација е од јавен интерес, но таа е така напишана и пласирана што збунува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

непрецизна информација

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести