verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Специјалната јавна обвинителка ставена на отстрел

on 12 - 02 - 2016       

 

Како се збогати Ка_ - http___vecer.mk_makedonija_kako-se-zbogati-katica-janeva 11

[Рецензија:Како се збогати Катица Јанева?!]

 

Судејќи според сè побројните медиумски прилози во кои безобѕирно и неаргументирано се напаѓа специјалната обвинителка Катица Јанева, нема дилема дека против неа се води своевидна специјална војна. Методите се различни, а новинарскиот производ што е предмет на оваа рецензија е во форма на серијал со неколку меѓусебно неповрзани епозоди. Во секоја епизода централната личност е иста, но се однесува на друга ситуација. Сите тие се ставени во функција на нејзината дискредитација и обвинување дека е „вмешана во заговорот против власта, во полза на опозицијата“.

Како се збогати Ка_ - http___vecer.mk_makedonija_kako-se-zbogati-katica-janevaЛинк до оригиналниот напис: Како се збогати Катица Јанева?!

Датум и време на објавување: 08.02.2016, 18:00

Датум на рецензирање: 09.02.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Самата насловна конструкција е така срочена за да привлече внимание и за да го продаде производот, а истовремено уште на почетокот сензационално да ја дискредитира специјалната обвинителка и тривијално да го постави прашањето: Како се збогати Катица Јанева?! Одговорот е во наднасловот: Функција со коли, станови и плацови.

Текстот во првиот дел се занимава со имотната состојба на специјалната обвинителката. Прави анализа на податоците од анкетните листови на избраните и на именуваните функционери, обидувајќи се преку инсинуации и шпекулации на читателите да им докаже некаков криминал и сомнително богатство до кое таа дошла откако е избрана на оваа функција. Притоа, не нуди релевантни докази кои би можеле да ја потврдат тезата дека тие се стекнати на незаконски начин.

Текстот содржи и нелогични конструкции дека минатата година Катица Јанева земала кредит заедно со сопругот, за во следниот пасус да констатира дека тој починал пред повеќе од две години, па читателите остануваат збунети која банка дава кредит на име на починатиот.

„Минатата година, таа и нејзиниот сопруг зеле уште два кредити, едниот 30.000 евра, другиот во висина од 10.000 евра.

Јанева има кредит од 660.000 денари земен во 2015 година со рок на отплата од 10 години, на име на нејзиниот брачен другар кој инаку починал пред повеќе од две години.“

 

ЕДЕН ДИРИГЕНТ

Во следната епизода на овој напис се гледа оркестриран и со ништо непоткрепен напад на целата институција Специјално јавно обвинителство, со посебно нагласување дека Јанева, наводно,  работи во полза на опозицијата и дека е експонент на политиката на нивниот лидер Зоран Заев. Ваквата конструкција е пласирана во комбинација со мислењата на неименувани експерти (што е вообичаена практика), кои ја потврдуваат тезата која се турка во написот.

„Експертите уште веднаш по назначувањето предупредија дека од Катица Јанева не треба да се очекува објективност бидејќи нејзината улога ќе биде само да ги заштити вистинските нарачатели и спроведувачи на прислушувањето на највисоките државни органи во Македонија и да одработи во корист на кампањата на СДСМ пред пролетните избори.“

Тенденциозно избраните фотографии го зајакнуват ефектот на напишаното дека Јанева „убаво се вдомила“:

„За својот ангажман Јанева немаше проблем да наплати над 4 милиони евра годишно народни пари.“

Како епизоден момент во текстот се појавува и биографијата на Катица Јанева, во која таа се прикажува како „анониман провинциски обвинител“ , без заднина што би го зајакнала нејзиниот кредибилитет.

 

ПРИТИСОК ВРЗ СЈО

Написот во себе крие опасност дека со мултиплицирање на ваквите содржини  кај одредена категорија граѓани се создават стереотипи за специјалната јавна обвинителка и за институцијата на чије чело се наоѓа. Во тој контекст, треба да се гледаат и сè побројните кривични пријави против нејзиниот тим на кои се повикува и овој материјал.

Тоа укажува на создавање на еден заеднички фронт кој треба да врши притисок врз Специјалното обвинителство, да прави опструкции да не се реализира задачата за која е основано.
Оваа објава  е пример за содржина употребена исклучиво во пропагандни и манипулативни цели и којашто нема апсолутно никави допирни точки со основните етички норми на новинарството. Написот има цел да ја компромитира оваа институција, за, во случај да има обвиненија пред изборите, тие да имаат што помал негативен ефект врз гласачкото тело на власта и уште посилно да го мобилизираат членството во одбрана на владејачката партијата од „незаконското работење на СЈО“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести