verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измешани „лончиња“

on 17 - 02 - 2016       

111 -obvinitelki 11

[Рецензија: Обвинителките грубо ја прекршија пресумпцијата на невиност]

 

Во овој текст има сè и сешто: од мешање лончиња и употреба на несоодветни термини, до политизација и едноставно вулгаризирање на сериозен случај за сомневања за сторени бројни незаконитости во изборен процес. А, зошто бил таквиот медиумски „труд“? Објаснувањето, најверојатно, лежи  во тоа што инволвираните се поранешни државни функционери и луѓе од врвот на владејачката партија.

 111Линк до оригиналниот напис: Обвинителките грубо ја прекршија пресумпцијата на невиност

 Датум и време на објавување: 12.02.2016

 Датум на рецензирање: 15.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ОБВИНИТЕЛКИТЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО КАБАЕТЛИИ

Овој материјал со сета сила се труди да ни ја „продаде тезата“ дека обвинителскиот двоец Фетаи-Ристовска на прес-конференцијата на која ги најавија активностите на СЈО против лица за кои има докази за изборни манипулации, всушност, ја прекршиле презумцијата на невиност. Сметам дека при пишувањето на овој текст не било докрај јасно што, всушност, претставува презумција на невиност. Колку за појаснување, еве што вели Законот за кривична постапка:

 

Презумција на невиност

(1) Лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда.

(2) Државните органи, средствата за јавно информирање и другите субјекти се должни да се придржуваат до правилото од ставот (1) на овој член, а со своите јавни изјави за постапката што е во тек не смеат да ги повредат правата на обвинетиот и на оштетениот, како и судската независност и непристрасност.

Двете обвинителки во ниту еден момент не ги соопштија имињата на лицата опфатени во истрагата на обвинителството, иако дел од присутните новинари се обидоа да наметнат теза дека некои медиуми објавиле дека е уапсен Едмонд Темелко и дали тоа не е кршење на презумцијата на невиност?

„Вие бевте на прес-конференција на која ниедно име не беше објавено, така што сите имиња кои вие или можеби некој друг ги објавува и ако крши некакви права, тоа не е од наша страна и се оградуваме од ваквото ваше прашање“.(Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО, прес-конференција 12 февруари 2016 година)

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Во написот се забележува зошто воопшто обвинителките ги соопштиле функциите на лицата опфатени со истрагата:

„Во стил на класична политичка инквизиција од страна на обвинителката беше посочено дека во рамки на предметот за кој зборуваа се наоѓаат и поранешни министер за внатрешни работи, транспорт и врски и генерален секретар на Владата, со што ги посочија лицата и им пресудија без суд и без постапка.“

Ај, што е класичен коментар, а тоа не е наведено, со што е прекршен Кодексот на новинари, туку е и манипулација. Имено, гледајќи ги соопштенијата на Основното јавно обвинителство, не е ниту ново, ниту невообичаено при објаснувањето на случајот да се наведат функциите на инволвираните, што, според овој текст, би било кршење на презумцијата на невиност.

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе обвинение против Градоначалникот на Општина Чашка

Скопје, 29 јануари 2016

Обвинетото лице се гони за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, Основното јавно обвинителство – Велес утврди дека во временскиот период од 02.09.2011 год.до 30.04.2013 год.во својство на службено лице – Градоначалник на Општина Чашка, со искористување на својата службена положба и овластување, прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на оштетеното здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес.

Уште еден спин:

„За скандалозноста на овој противправен потег да биде уште поголема говори и фактот дека за лицата кои беа посочени не постои ни обвинителен акт, туку само барање за истрага на предметот.“

Еве уште еден демант. Соопштение од ОЈО за предмет во фаза на истрага во кој се наведува функцијата на осомничениот:

Истрага за даночно затајување од околу 44 милиони денари

Скопје, 29 Декември 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје по добиеното известување од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција оформи предмет ​за извршено кривично дело – Даночно затајување од член 279 ст.2 вв со ст.1 вв со член 45 од Кривичниот законик. Според добиеното известување во периодот од 2010-2015 година лицето Ф.С. од Скопје, како сопственик и управител на Друштво за градежништво и трговија на големо и мало „Фарком Инжењеринг“ ДООЕЛ Скопје, подигнал лично за себе парични средства во износ од 80 милиони денари без притоа да пресмета и плати персонален данок од доход.

Што станува со објективноста? Ја нема! Не требаат повеќе докази што би ни потврдиле дека имаме работа со пристрасно четиво, кое, без аргументи, се обидува да ја изврти целата ситуација и да ја убеди јавноста дека Ристовска и Фетаи излегле надвор од воспоставените правила и ја прекршиле презумцијата на невиност. Некој сакал тоа така да го претстави, ама настапот на двете обвинителки, Законот, а и обвинителската практика го покажуваат спротивното.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести