verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е важно кој објавува, важно е да се напаѓа!

on 17 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Специјалната Фатиме јавно се заканува!_ - http___vecer.mk_makedonija_specija 11

[Рецензија: Специјалната Фатиме јавно се заканува!]

 

Текстот е едностран, граден врз основа на непроверени и на погрешни факти и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Оваа медиумска содржина свесно ја дезинформира јавноста дека обвинителката Фетаи, наводно, се заканувала откако Судот не ги прифати барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“.

Специјалната Фатиме јавно се заканува ВечерЛинк до оригиналниот напис: Специјалната Фатиме јавно се заканува!

Датум и време на објавување: 14.20.2016 – 22:46

Датум на рецензирање: 15.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот се темели на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ и тоа на ФБ-страница на обожаватели, а која не е ниту раководена од самата обвинителка.

„Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи јавно се заканува! По одлуката на Судот да не определи мерка притвор на барањето на СЈО за 8 лица опфатени во нивната истрага, специјалната обвинителка реши да се стави над Уставот, законите и над Република Македонија и јавно преку нејзиниот фан клуб на социјалната мрежа Фејсбук порача:

 

„Тие мислат дека преживеале? Многу згрешат, само што почнаа да тонат…““

Во текстот потоа се цитираат делови од Кривичниот закон, кои укажуваат на тоа колкава е казната за јавна закана и за јавно вршење притисок. И токму оваа поента со казните се извлекува во наднасловот, со кој се испраќа исклучително заканувачка порака:

„За ова се лежи затвор“

И сето ова е направено без да се провери информацијата, постапка која се коси со основните принципи на новинарскиот Кодекс (членот 1), вклучувајќи ја и преамбулата:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. (преамбула)

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)

Истиот ден, Специјалното обвинителство, преку својата официјална страница на „Фејсбук“ објави дека на социјалната мрежа се појавиле лажни профили и обожавателски страници за обвинителките, дека изнесените објави не се ставови на јавното обвинителство и оти обвинителката Фетаи нема профил на социјалната мрежа.

„Ве известуваме дека на социјалната мрежа facebook се појавија страни за поддршка на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство и лажни профили, кои не се креирани од наша страна и не се под наша контрола…

Воедно Ве известуваме дека обвинителката Фатиме Фетаи нема свој профил.“

Сепак, оваа информација воопшто не е пренесена во материјалот што го рецензираме, па тој не му дава целосна слика на читателот. Вака поставениот текст остава впечаток дека овој податок е намерно изоставен бидејќи ако и тоа се презентирало, целата теза со која се напаѓаат СЈО и обвинителската Фетаи паѓа во вода.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

неточна информација

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести