verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нова измама со стара снимка

on 18 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #025 - 'Xhirim i ri ng_' - lajmpress_com_xhirim-i-ri-nga-kumanova-polici-maqedonas-i-shane-nenen-shqiptarit-te-arrestuar-video

Напис: Нова снимка од Куманово: Полицаецот Македонец му ја пцуе мајката на уапсениот Албанец

Новата снимка од полициската акција во Куманово што е објавена на „Јутјуб“, ни носи уште еден скандалозен момент. За време на апсењето на еден од припадниците на кумановската група се слушаат навреди и вулгарни пцости од страна на еден полицаец кон припадниците на кумановската група.

„Врзи го, хе мајката….“, се слуша валканиот јазик на еден од полицајците.

Делот од видеоснимката кој ги содржи пцостите, може да го проследите од 1.20  до 1.40 минута, пишува „Лајм“.

Полициската акција во Куманово се случи на 9 и на 10 мај, кога министер за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска, за чие именување неколкупати гласала и ДУИ, заедно со нивниот „легендарен“ лидер, Али Ахмети.

Ова значи дека шефот на изборниот штаб, Беким Незири, греши кога вели дека треба да го дочекаме 24 април за да видиме која е ДУИ. Не, не. Албанците имале многу можности досега за да го видат „убавото“ лице на ДУИ, вклучувајќи ги овде и 9 и 10 мај од минатата година во Куманово.

[Рецензија: Нова снимка од Куманово: Полицаецот Македонец му ја пцуе мајката на уапсениот Албанец]

Измислувањето „вести“ за информирање на јавноста, како во конкретниот случај што ќе го третираме подолу, подразбира дека, за жал, новинарот го кршел етичкиот кодекс и на јавноста ѝ сервирал нешто шпекулативно. За еден медиум или новинар, непростливо е еден стар видеоматеријал да го претстави како нов. Со ова се кршат сите професионални норми. Уште повеќе кога се работи за случај кој е од огромен интерес за јавноста.

 

Xhirim i ri nga Kumanova Polici maqedonas screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Нова снимка од Куманово: Полицаецот Македонец му ја пцуе мајката на уапсениот Албанец”

Датум и време на објавување: 02.02.2016

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во ниеден случај, фактите и информациите што се од голем интерес за јавноста не можат да се претстават како „нови“, а најмалку за случувања што предизвикуваат голема реакција, кога тие се, всушност, стари и невистинити.

Новинарот може да се наврати на еден стар настан доколку има ново откритие, бидејќи во тој случај новото откритие ќе биде веста. Во овој случај со право настанува загриженост за полициското однесување за кумановските настани, но каков ефект може да има ова пријавување кога видеоснимката не е нова!

„Новата снимка од полициската акција во Куманово што е објавена на „Јутјуб“, ни носи уште еден скандалозен момент. За време на апсењето на еден од припадниците на кумановската група се слушаат навреди и вулгарни пцости од страна на еден полицаец кон припадниците на кумановската група. „Врзи го, хе мајката….“, се слуша валканиот јазик на еден од полицајците.“

Фактот што на јавноста ѝ се кажува дека станува збор за „нова снимка“, е измама.

Што се однесува до загриженоста  за односот на полицијата, во овој случај авторот е обврзан да го донесе правилникот за работа на полицијата и Етичкиот кодекс на македонската полиција, за да им напомене на службата и на нивниот службеник дека полицаецот постапил спротивно на правилникот.

Поврзувањето на овие прашања нема никаква логика и не се придржува на структурата на веста. Следниот параграф, фрла сомнежи дека авторот не ја разбира улогата на владиниот коалициски партнер!

„Полициската акција во Куманово се случи на 9 и на 10 мај, кога министер за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска, за чие именување неколкупати гласала и ДУИ, заедно со нивниот „легендарен“ лидер, Али Ахмети.“

Новинарот треба да ги разликува личните мислења од фактите! Новинарот има право овој случај да го третира со коментари, но ова му го овозможува само делот за коментари, а не тој за вести.

„Ова значи дека шефот на изборниот штаб, Беким Незири, греши кога вели дека треба да го дочекаме 24 април за да видиме која е ДУИ. Не, не. Албанците имале многу можности досега за да го видат „убавото“ лице на ДУИ, вклучувајќи ги овде и 9 и 10 мај од минатата година во Куманово.“

Коментарите ѝ прават сериозна штета на веста. Новинарот треба да ги избегне истите и што е можно помалку да дава ставови каков што е „не, не, греши“. Читателот е тој што проценува, не новинарот!

Неточната вест може да има последици и во овој случај освен покажаната непрофесионалност, новинарот си игра и со чувствата на јавноста, што е спротивно на сите етички и професионални норми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести