verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сини етикети за Јанева

on 17 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_makedonija_vesti_k 11

[Рецензија: Катица Јанева во акција за спасување на Заев]

 

Во текстот што го рецензираме од почеток до крај доминира намерата да се спинува и да се исполитизира настапот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), дури и по цена на сопствена професионална дискредитација. Почнувајќи од сензационалистичкиот и тенденциозен наслов: „Катица Јанева во акција за спасување на Заев“, па до фотографијата која е непристојна фотомонтажа и до воведот кој  се повикува на рекла-кажала, имаме политички инструирана содржина пласирана за да ја искриви реалноста и да манипулира со граѓаните.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_kЛинк до оригиналниот напис: Катица Јанева во акција за спасување на Заев

Датум и време на објавување: 12.02.2016 14:04

Датум на рецензирање: 16.02.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ДА СЕ ОЦРНИ СЈО

Всушност, имаме класичен пример на спинување.

„Со барањето за повлекување на случајот „Поткуп“, истиот ден кога СЈО и Јанева на прес-конференција покажаа досега невидена пристрасност и ја најавија првата акција под името „Титаник“, сосема е јасно дека Јанева целосно се става на располагање на Заев во обидот да го исчисти лидерот на СДСМ од коруптивите зделки за кои се сомничи, а за кои има непобитни докази.“

Оваа содржина нема никаква врска со објективното новинарство, фактите, изворите, со вистината… Нејзината цел е да го сврти вниманието на јавноста на онаа страна која одговара на интересите на владејачката гарнитура, како и да ги дискредитира СЈО и обвинителката Катица Јанева, налепувајќи им сини (опозициски) етикети.

 

МОРАЛНА ПАНИКА

Со крајно необјективна претстава за настанот што се опишува, без аргументи се создава некаква паника меѓу граѓаните дека со настапите на СЈО, наводно, се загрозени некои државни институции (Советот на јавни обвинители).

„…СЈО настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа (Јанева н.з.). Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја.“

Ова е уште еден текст ставен во функција на своевидна оркестрирана медиумска камапања што се води против Јанева и инситуцијата СЈО, а за остварување на одредени политички интереси на владејачката партија. Ваквите написи немаат врска со професионалното новинарство и ја компромитираат неговата улога во општеството. Основните принципи на етички исправното новинарство налагаат дека фактите се неприкосновени, додека обврска на новинарот е да ги стави во правилен контекст и да пренесе точна и прецизна информација, а не да ја извитоперува вистината. Онака, како што тоа се прави во оваа медиумска објава.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести