Конструкција од нафрлани обвинувања
Објавено во Рецензии
on 17 - 02 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци]
Текст конструиран единствено на паушално нафрлани обвинувања без понудени докази, документи или каква било потврда за напишаното. Четиво кое служи за манипулирање, но и за нарушување на угледот и на професионалноста на престседателот на невладината „Мост“, која е вклучена во набљудувачкиот процес на изборите.
Линк до оригиналниот напис: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци
Датум и време на објавување: 09.02.2016, 14:03
Датум на рецензирање: 16.02.2016
Рецензент: Симона Атанасова
ИНВЕСТИТОР, СОПСТЕВНИК НА ЗГРАДИ – А ДОКАЗИ ИМА ЛИ?
Написот (кој е преземан од друг медиум и не е линкуван), го обвинува првиот човек на невладината организација „Мост“, Дарко Алексов за тесна соработка со СДСМ, но и дека е инвеститор на згради, без притоа да бидат објавени документи како доказ за објавеното.
Во текстот се вели дека Алексов е продолжена рака на СДСМ, а дека за тоа има признанија и од самите членови на партијата. Но, не е јасно кои се тие признанија на членови на СДСМ. Нема никаков цитат, ниту кој и кога ги дал тие признанија, па така ова обвинување виси во воздух.
Понатаму во написот се наведува дека во 2008 година, Дарко Алексов, заедно со уште тројца од фамилијата Алексови, Алексов Бобан, Алексоски Ѓорче и Алексоска Росана, почнал градба на две луксузни згради во скопско Бардовци, иако нема докази што одат во прилог на тврдењето дека споменатите се во роднински врски.
Исто така, во текстот има слики од зградите, тие се и опишани на долго и на широко, но недостигаат документи што го поврзуваат Дарко Алексов со овој имот. Не се посочуваат, на пример, никакви документи од Агенција за катастар на недвижности.
Освен нафрлените обвинувања дека Алексов е поврзан со СДСМ, претседателот на „Мост“ го поврзуваат и со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ), за која во текстот се вели дека е главен финансиер на СДСМ.
„Познато е дека преку неговата невладина се свртеа 4 милиони евра за само неколку години. Отворено останува прашањето кој директор на обична невладина, може да стане инвеститор и градител на згради вредни милиони. Инаку во дел од проектите на неговата МОСТ влегува и во соработка со Институтот Отворено Општество односно СОРОС Македонија која е позната како главниот финансиер на СДСМ.„“
Според напишаното во текстот, познато било дека преку невладината „Мост“, Алексов свртел 4 милиони евра за само неколку години. Она што не е познато е како се дошло до вакви податоци за финансиите на невладината организација. Објаснување нема ни за поврзаноста на „Мост“ со Сорос, а ниту на Сорос со СДСМ.
Во оваа објава се нафрлани слики од имоти, финансии, обвинувања без никаква докажана поврзаност меѓу нив. Релевантен медиум не смее да шпекулира со непотврдени податоци и да ја манипулира јавноста без притоа да ѝ понуди доказ за тоа што го тврди.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови