verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оцрнување на Шекеринска со подгревање на старата „манџа“

on 18 - 02 - 2016       

sekerinska-bobo-danok 11

[Заминаа ли Шекеринска и сопругот од Македонија?]

 

Tекстoт се пресметува со опозициската политичарка преку нејзиниот сопруг и тоа за наводна кривична пријава од пред неколку години. Инаку, написот, најверојатно, е враќање „мило за драго“ за текстовите што се објавуваа дента кога поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше на распит во Основниот суд Скопје 1(12 февруари 2016 година). Тогаш некои медиуми шпекулираа за тоа каде е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, откако еден „портал“ излезе со наслов: „ЈАНКУЛОВСКА ВО ДИПЛОМАТСКА ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА“.

Сепак, новинарството не е професија за враќање „долгови“, туку треба точно и вистинито да ја информира јавноста. Па, гледано во тој контекст, треба да се каже дека споменатиот „портал“ го нема на ниту еден агрегатор на вести и повеќе наликува на блог, така што, тој не смее да се земе за релевантен извор. Ниту, пак, треба неговиот начин на пишување и пласирање на текстовите да го копираат други медиуми, кои претендираат да бидат професионални, како што е направено во материјалот што е предмет на нашата рецензија.

sekerinska bobo danokЛинк на оригиналниот напис: Заминаа ли Шекеринска и сопругот од Македонија?

Датум и време на објавување: 15.02.2016, 17:27

Датум на рецензирање: 16.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРОШИРЕНА И НАДГРАДЕНА АФЕРА

Меѓу личностите од опозицијата што се почесто на удар на медиумите наклонети на власта, е и заменичката-претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска. За таа цел, овојпат е искористена една бајата, па подгреана афера, а се однесува за наводна злоупотреба на сопругот на Шекеринска (од позиција директор на една фирма).

Аферата со кириите, сега „проширена и надградена“ и со, наводно, неплаќање данок, е само шлагворт во овој политичко-пропаганден текст, чија единствена намера е напад врз личноста на Шекеринска и нејзино оцрнување пред јавноста. Во прашање е добро осмислен атак, базиран на приватниот живот на политичарката и на нејзиното семејство, за да ѝ се наштети на нејзината репутација.

Уште во насловот, како и на самиот почеток на текстот, само навидум се поставува една дилема, која, всушност, е констатација:

„Заминаа ли од Македонија Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски?“

Веднаш во наредната реченица, пак, се тврди дека:

„По големиот скандал, заменичката на Заев и Бобо-Дајнерс доцна попладнево побрзале да најдат начин и помош како да се справат со кривичното гонење.“

Притоа, се игнорираат демантите од СДСМ во кои стои:

„За да го покријат скандалот дека целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување, власта во заминување, преку медиумските курири, мора да измислува нови напади со стари манипулации.

Ниту има скандал ниту има случај. Текстовите на медиумските курири поврзани со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се чиста лага!

Документот во прилог, од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој измислен, креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година!

„Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција.“

Инаку, иако написот на прв поглед нуди бројни „факти“, всушност, е крајно несеопфатен бидејќи ја дава само верзијата која е во прилог на партијата на власт (ВМРО-ДПМНЕ). Лајтмотив на целата објава е дискредитација на Шекеринска како политичар, а нејзиниот сопруг, практично, е  „колатерална штета“ во скандалот, за кој СДСМ тврди дека е  креиран од владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести