verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Исфорсирана равенка: СДСМ=СЈО

on 17 - 02 - 2016       
ВИДЕО_ Заев наредува, а СЈО и Јанева и_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_v 11

[Рецензија: ВИДЕО: Заев наредува, а СЈО и Јанева исполнуваат]

 

Под коментаторскиот наслов се крие еднострана неаргументирана објава со неосновани, неатрибуирани тврдења, насочена кон дискредитација на личности и на институцииите што ги претставуваат. Недостигот на атрибуција на изложените тврдења и формата на изразот налик соопштение ја откриваат политичката пристрасност на текстот.

ВИДЕО_ Заев наредува, а СЈО и Јанева и_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_vЛинк на оригиналниот напис: ВИДЕО: Заев наредува, а СЈО и Јанева исполнуваат

Датум и време на објавување: 14 Февруари 2016, 09:30

 Датум на рецензирање: 15 Февруари 2016

 Рецензент: Александар Пешев

СЕЧЕНО, ЛЕПЕНО, ИЗРЕЖИРАНО

Коментаторската природа на текстот се согледува во првите реченици. Се наведува дека „Она што Зоран Заев го нарачува, специјалнната јавна обвинителка Катица Јанева го испорачува“, и се коментира дека специјалниот јавен обвинител имал политичка прес-конференција. Притоа, не се кажува дали некој го има изнесено ваквото обвинување ниту, пак, се појаснува врз база на кои конкретни факти е изведена констатацијата.

Како „доказ“ се нуди видеоматеријал инсертиран со изјави од лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, и со извадоци од прес-конференцијата на специјалниот јавен обвинител. Наместо мултимедијалниот елемент да се искористи за поддршка на текстот, истиот јасно го отцртува спинот во објавата – извртувањето на вистината.

Прво, имаме споредба на две личности – специјалниот јавен обвинител и лидерот на опозицијата. За таа цел се компариаат сегменти од нивните изјави и се прави равенката „СДС = СЈО“.Самиот факт дека специјалниот јавен обвинител беше избран со согласност од четирите политички партии и од власта и од опозицијата, споредбата на изјави на еден од политичарите кој гласал за СЈО и на самата обвинителка е несоодветна.

Видеомонтажата не дава јасен одговор ниту на наредното тврдење изнесено во текстот:

„Ова видео се чини дека најдобро ја отсликува поврзаноста на СДСМ со СЈО, односно на Зоран Заев со Катица Јанева.“

Се поставува прашањето како видеозаписот го прави ова отсликување, имајќи предвид дека се споредува политички говор со прес-конференција на институција основана со широка партиска согласност. Истовремено, читателот се наведува кон тврдења за кои не се изнесуваат конкретни докази. Тоа особено се согледува во оваа констатација искажана во написот:

„Заев ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Јанева треба да ги спроведе по негов заповед.“

Просторот за презентација на конкретни докази, пак, се пополнува со изведување сопствени заклучоци, на видна штета на интегритетот на Специјалното јавно обвинителство со јасна намера за дискредитација на политички субјект.

Потоа, во текстот се прикажува едно единствено експертско мислење, а се вели:

 „Експертската јавност е согласна дека опозицискиот лидер очекува Јанева да му биде ударна тупаница.“

Во конкретниот случај, експертската јавност ја претставува само еден аналитичар, како тој да е единствениот експерт за прашањето што се третира. Па, гледајќи на текстот како целина, имаме неиздржана еднострана објава, која не се темели на факти туку врз основа на паушални обвинувања прави конструкција насочена кон оцрнување на лица и на институции. Ваквиот неаргументиран напад на институција која тековно работи на случаи против поранешни функционери од владејачкото мнозинство, е во спротивност со новинарските принципи на непристрасност и обезбедување професионална дистанца.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести