Рецензии

Манипулација со соопштението на Могерини и на Хан

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: Могерини и Хан честитаа на победниците ВМРО-ДПМНЕ]

  Спинерско-навивачки текст што треба да предизвика ефект на триумфализам кај публиката зашто владејачката партија победила, иако во моментот кога е пишуван и објавен написот, тоа не беше фактичката ситуација. Злоупотребена е писмената изјава на европскиот двоец Могерини-Хан и извртена нејзината суштина преку пласирањето бомбастичен наслов „Могерини и Хан честитаа на победниците ВМРО-ДПМНЕ“.  Линк до оригиналниот напис: Могерини и Хан честитаа на победниците ВМРО-ДПМНЕ  Датум и време на објавување: 12.12. 2016  23:32  Датум на рецензирање: 17.12.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

„ЛАЖГИ СО ОПАШКИ“

 Тешка невистина или, народски кажано, „лажги со опашки“ за партиски потреби. Спинот е сериозен, направена е манипулација со заедничкото соопштение на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на

Навреди и невистини во одбрана на наративот на власта

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Ван Хојте му се заканува на Петровски поради објава на Фејсбук!]

  Понекогаш е многу тешко да се анализира напис од аспект на новинарски стандарди кога во него нема никакви новинарски елементи туку претставува само листа на навреди, дискредитации, исмевања и на невистини. Еден таков „тежок примерок“ е и текстот што е предмет на оваа рецензија. Се работи за напис кој, поаѓајќи од спорната објава на Филип Петровски,

Непоткрепени обвинувања и вулгарност

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ]

  Во објавата пред нас имаме изнесени обвинувања без докази. Одлуката интегрално да се пренесе допис од прозваното лице, ја става оваа медиумска содржина во улога на платформа за оцрнување и за ширење невкус. А, употребата  на недолични изрази  само го дополнува впечатокот за непрофесионалност. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ Датум и време на објавување: 18.12.2016 Датум на рецензирање: 19.12.2016 Рецензент: Александар Пешев  

Тенденциозниот плагијат нема ништо заедничко со новинарството

на 20. 12. 2016 | | sq

 

Напис – Роберт Несими: ДУИ може да претрпи дебакал од Беса во втората изборна единица 

Политичкиот аналитичар Роберт Несими, анализирајќи ги специфичностите на изборната единица број 2, вели дека на овие избори, во оваа изборна единица можно е ДУИ да претрпи дебакл од Беса, губејќи вака за првпат „во цела изборна единица“. „Ако Беса во Куманово го земе половината од гласачкото тело на ДУИ, тогаш во Скопје им е доволно само 10 отсто за да обезбедат пратеник. Но, математиките за вториот пратеник потоа стануваат потешки. За да го постигне ова, Беса треба да ѝ земе на ДУИ 60 отсто од гласачкото тело во Куманово и половина во Скопје и по малите општини. Ако Беса, евентуално, го постигне ова, тогаш

Наслов што сее паника и страв

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици]

  Насловот на текстот „Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици“, е сензационален и не соодветствува со содржината на текстот. Ваквата насловна конструкција предизвикува паника и сее страв помеѓу граѓаните. Фотографијата со која е илустрирана веста, исто така, не ја прикажува фактичката состојба и може да ја подгрее паниката што ја создава насловот. Линк до оригиналниот напис: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици Датум и време на објавување: 13.12.2016 Датум на рецензирање: 19.12.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

„КРВТА“ ВО НАСЛОВОТ ЈА НЕМА ВО ВЕСТА

Почетокот на текстот го демантира насловот, бидејќи се изнесува информација во

Срамен текст се критикува на уште посрамен начин

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е полн со невкусни коментари, недоличен е и под секое ниво. Тој претставува критика на друг текст, објавен на друг портал, но не е ништо поинаков од написот што го критикува. Линк до оригиналниот напис: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!! Датум и време на објавување: 11.12.2016 Датум на рецензирање: 20.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

 СО НЕВКУС ПРОТИВ НЕВКУСОТ

Самиот наслов на текстот е спин и се обидува на јавноста да ѝ наметне дека опозицискиот СДСМ се сити на смртта на Есма Реџепова, што е целосна невистина. Имено, написот се обидува да критикува објава на порталот „Мактел“, во врска со

Вест за опасна омраза поткрепена со малку факти

на 20. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Професорот Aлбанец им држи предавања на средношколците: Рака да им се исуши на тие што гласаа за Заев

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ се бомбардирани од страна на еден професор со политички лекции, кој наместо предавање на наставниот материјал, им зборувал за изборниот процес. Еден ученик присутен на овој час, за новинската агенција ИНА изјави дека професорот зборувал за тоа како Aлбанците гласале за македонска партија. „Тој го почна часот велејќи: На сите тие Aлбанци што гласале за СДСМ да им се исушат рацете. Потоа продолжи велејќи: Отсега одете по пат и во себе шепотете: Јас сум предавник. Иако ние сме прва година и немаме право на глас, тој држеше час по политика“, изјави ученикот. Новинската агенција

Манипулирање со агенциска вест

на 20. 12. 2016 | |
[Рецензија: Вашингтон Пост”: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада] Многу грешки, непрофесионалност и етички недоследности, а може да се каже и незнаење, се собрале во една куса информација. Тоа е предизвикано од начинот на кој е преземена една вест од угледниот „Вашингтон пост“, која во оригиналот е насловена како „Macedonian politician: Foreigners interfering after vote“ или, во превод: „Македонски политичар: Странците се мешаат во постизборието“. Треба веднаш да се напомене дека оваа вест во „Вашингтон пост“ е објавена како преземена информација од најстарата новинска агенција во светот – „Асошиејтед прес“. Нагласуваме најстара, бидејки „Асошиејтед прес“ е агенција која не си игра со професионалните стандарди и правила. Како прво, насловот на веста категорично ја штити агенцијата дека таа вели дека странците

Со недоличен речник кон дното

на 19. 12. 2016 | |

[Рецензија: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка]

  Самата одлука за пренесување на фејсбук-статус полн со вулгарности кои се граничат со говор на омраза го прави медиумот соучесник во ширење нетрпеливост и во вулгарно дискредитирање на неистомислениците, во конкретниот случај еден странски дипломат. Објавата го допира дното, а мотивот за нејзиното објавување создава сомнежи за политичка пристрансост. Линк до оригиналниот напис: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка Датум и време на објавување: 14.12.2016, 17:55 Датум на рецензирање: 16.12.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ГОВОР ПОЛН СО ОМРАЗА

Стандардите јасно диктираат дека новинарот е должен да ја негува културата на говорот и етиката. Членот 15 од Кодексот на новинари дополнително

Вулгарно спинување во текст за излезноста за гласањето

на 17. 12. 2016 | |
  Текстот е коментаторски, говорот е навредлив, а изнесените податоци нецелосно се истражени за да се прикаже поинаква слика, што е спротивно на новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: Ќе го јаде некој немиен со се јајца, ги нема партиските војници и лебарките сабајлево… Датум и време на објавување: 11.07. 2016 Датум на рецензирање: 17. 12. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Уште со насловот е најавено дека читателот може да очекува целосна непрофесионалност бидејќи е исполнет со навреди, вулгарности и со неиздржани тврдења. Ваквиот наслов е целосно неетички и е спротивен на сите нoвинaрски кодекси, каде било во светот, вклучувајќи го и етичкиот кодекс на новинарите во Македонија. Професионалните стандарди се нарушени и во самиот текст. Без никаква поткрепа, уште во