verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со недоличен речник кон дното

on 19 - 12 - 2016       

puls-24

[Рецензија: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка]

 

Самата одлука за пренесување на фејсбук-статус полн со вулгарности кои се граничат со говор на омраза го прави медиумот соучесник во ширење нетрпеливост и во вулгарно дискредитирање на неистомислениците, во конкретниот случај еден странски дипломат. Објавата го допира дното, а мотивот за нејзиното објавување создава сомнежи за политичка пристрансост.

jovanovski-do-vanhaute_-bi-_-http___puls24-mk_mk_vesti_jovanovsЛинк до оригиналниот напис: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка

Датум и време на објавување: 14.12.2016, 17:55

Датум на рецензирање: 16.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ГОВОР ПОЛН СО ОМРАЗА

Стандардите јасно диктираат дека новинарот е должен да ја негува културата на говорот и етиката. Членот 15 од Кодексот на новинари дополнително забележува дека неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација. Оттука, објавата која содржи вулгарен напад кон личности и групи не може во ниту еден момент да се нарече новинарски текст. И покрај тоа што самиот медиум не употребува непримерни зборови (туку пренесува), одлуката да се прикаже цитат полн со вулгарности го прави порталот соучесник во недоличната комуникација со јавноста.

Воведот на текстот содржи коментар. Поточно, во самата најава дека ќе се цитира објава на социјалните мрежи се изнесува неоснована и недокажана констатација:

„Македонски театарски, филмски и телевизиски актер Владо Јовановски, на Фејсбук објави статус по повод повторното мешање на Питер Ванхауте во политичките случувања во државата“.

Се поставува прашањето врз основа на што е утврдено дека Ван Хауте се мешал и повторно се меша во политичките случувања во земјава? Но, тоа не е најспорниот дел од објавата.

Цитираниот „фејсбук-статус“ содржи вулгарности јасно насочени кон лична дискредитација на поранешниот посредник во спроведувањето на Договорот од Пржино за излез од политичката криза. Би било непримерно да се цитираат овие елементи од текстот, согласно професионалните стандарди за пристојност во изразувањето, што го отвора и прашањето зошто медиумот одлучил истите да ги пренесе интегрално?

Имајки предвид дека цитатот е насочен кон напад на личност чии настапи биле и сè уште се критички кон политичката гарнитура која била на власт, одлуката за интегрално пренесување на вулгарностите создава основан сомнеж за политичка пристрасност. Вулгарностите се директно насочени кон навреда на една личност и индиректно ги навредуваат трансродовите лица и група на жени, со што објавата е на граница на говор на омраза, а одлуката на медиумот да го пренесе ставот на актерот придонесува за потенцијално ширење на омразата и за создавање нетрпеливост.

Сè на сè, имаме непрофесионална објава, која не ги задоволува основните новинарски стандарди на културата на изразување и создава потенцијал за ширење омраза.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

дискриминира

национална дискриминација, полова дискриминација, дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести