Рецензии

Фотографија која прави „од мравка – слон“

на 14. 12. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“]

  Фотографијата која е во прилог на текстот насловен „Пожар во училиштето „Ј.Х. Песталоци“, не соодветствува со реалноста за настанот. Иако информацијата е дека е опожарена само покривната конструкција, фотографијата прикажува нешто сосема  друго, како да гори целото училиште. Бидејќи се работи за чувствителна информација, секое искривување на вистината може да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, односно родителите на децата кои учат во училиштето. Линк до оригиналниот напис: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“ Датум и време на објавување: 01.12.2016 Датум на рецензирање: 14.12.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ПОГРЕШНА ФОТОГРАФИЈА

Според билтенот на МВР, настанот навистина се случил, ама во веста нема извор на информацијата, кој, сепак, треба да биде наведен. Инаку, оваа куса вест

Фото: Ниту тепачка, ниту „драма“

на 14. 12. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) СЕ ИСТЕПАА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ]

  Нецелосно обработена приказна поради што повеќе наликува на чаршиско озборување, отколку на сериозен новинарски производ. Насловот е сензационалистички и привлекува внимание, особено со првиот дел дека станува збор за фотографии од „настанот“. Но, фотографиите со кои е илустриран текстот, воопшто не ја прикажуваат „драмата“ која наводно се случила пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) СЕ ИСТЕПАА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ  Датум и време на објавување: 10.12.2016 Датум на рецензирање: 13. 12. 2016 Рецензент: Димитар Тануров    

ИЗНАСИЛЕНА ПРИКАЗНА

„Илчо Ѓорѓиоски, Лука Кржаловски, Никола Поповски, Никола Грувски, Диме Спасов биле само дел од екипата која играла фудбал во салата “Јане

Тенденциозен и пакосен напис

на 14. 12. 2016 | |

[Рецензија: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО)]

Пред нас имаме куса, но нагласено тендециозна и пакосна објава. Низа обвиненија истурени на адреса на опозицијата како да станува збор за нечиј „страшен суд“, а не за текст што пред сè треба да информира, без, како што е во случајов, дезинформации со конструкции од партиски кујни. Линк до оригиналниот напис: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 12.12.2016, 18:20 Датум на рецензирање: 13.12.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

СЕЛЕКТИВНОСТ СО НАЦИОНАЛИСТИЧКИ „ШМЕК“

Чуму вакво четиво? Искрено, нема каква било поента гледано низ професионална призма. Можело сосема комотно да се нотира настанот, да се опише атмосферата, едноставно кажано да се

Манипулација недолична на професионалното новинарство

на 13. 12. 2016 | | sq
[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ победи, го добива мандатот за составување Влада- поразениот Заев вети оставка ако изгуби (ВИДЕО)]   Сериозни етички проблеми има медиумската содржина што ја рецензираме. Текстот „информира“ за резултатите од предвремените парламентарни избори како да се работи за конечни, и, згора на тоа, ги коментира со поенти кои ја стигматизираат опозицијата на сметка на омаловажувањето на волјата на граѓаните припадници на недоминантната етничка заедница во Македонија. Рамката во која се содржани тие проблеми е политичката пристрасност и од неа произлегуваат слабостите кои се препознаваат во, како што веќе констатиравме, категорични тврдрења за кои, во моментот кога се објавени – нема официјална потврда. Ова е многу значајно, бидејќи новинарските текстови во случаи кога станува збор за особено чувствителни теми и

Манипулациите со анкетите се докажуваат со факти, не со озборувања

на 12. 12. 2016 | | sq

 

 

Напис: Кој ги измени резултатите во последен момент во полза на ДУИ?

Иако пред да се објават резултатите од анкетата на агенцијата „Рејтинг“, сигурни извори покажаа резултати кои покажуваа изедначување на рејтингот на ДУИ и на движењето Беса, на телевизијата „24 Вести“ објавија сосема поинакви резултати, во полза на ДУИ. Со ова се остварија предупредувањата на медиумите дека до последен момент биле под притисок за да ги изменат резултатите од анкетата во полза на ДУИ. Дилемите околу оваа анкета го зајакнале уште повеќе  убедувањето дека македонското општество, колку и да е поделено, за едно нешто секогаш имаат консензус, а тоа е, дека во интерес на македонскиот народ е гласовите на Aлбанците да ги освои ДУИ. За да ја наградат

Нејасно и еднострано „прераскажување“

на 9. 12. 2016 | | sq

Напис: „Дневник“: ДУИ со закана, или официјализирање на албанскиот јазик, или нова криза

ДУИ се заканила дека ако победничката партија на овие избори не го официјализира албанскиот јазик, тогаш ќе се соочат со една нова криза, пишува „Дневник“. Ако партиите на Албанците кои учествуваат во парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември не се откажат од позицијата земи или остави, можно е новата влада да биде без партијата на Албанците и Македонија да влезе во една уште подлабока политичка криза. „ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Движењето Беса веќе се изјасниле дека без целосно прифаќање на нивните платформи нема да има преговори за новата влада“. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тие се фокусирани за освојување на 63

Конструкции за криминални шеми за предизборно оцрнување

на 9. 12. 2016 | |
[Рецензија: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци]   Текстот е типичен пример како со чиста шпекулација се подгреваат предизборни тензии. Освен што е шпекулативен, написот е целосно едностран и коментаторски, без конкретни извори, а уште помалку – докази. Линк до оригиналниот напис: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци Датум и време на објавување: 07.12.2015, 18:37 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

КОНСТРУКЦИЈА ПРАВЕНА ОД „ЈАСНОВИДЕЦ“

Написот тврди дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за 24 часа, ни помалку ни повеќе, се сретнал со „плејада“ криминалци за да предизвика изборни нерегуларности.

„Новинарски“ текст се претвори во политички памфлет

на 9. 12. 2016 | |
[Рецензија: Новите документи говорат: СДСМ во 2004 ги продаде Кичево и Струга, а денес заговара федерализација]   Кога во некоја содржина ќе сретнете упатување на документи, архивски материјали и слично, прво што ќе помислите е дека секако се работи за веродостојни извори. Со оваа навика на публиката си поиграле авторите на медиумската содржина што ја рецензираме. Со единствена цел – да звучи уверливо. Но, ако публиката е еманципирана и со медиумски елементарно чувство за скептичност, бидејќи на тоа нè научи актуелната практика на поголем дел од „новинарите“, нема веднаш да ја проголта оваа јадица. Колку и да е атрактивен мамецот. И, кога ќе се направи таа првична задршка, љубопитниот читател ќе се запраша дали документите што му се нудат ги

Тешки обвиненија – со ништо непоткрепени!

на 9. 12. 2016 | |
   

[Рецензија: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите]

  Насловот на текстот што го рецензираме изнесува тешки обвиненија за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека, наводно, на денот на изборите подготвува инциденти со помош на албански банди. За овие тврдења не се изнесени факти, а имајќи ја предвид нивната тежина, многу лесно можат да поттикнат на насилство и на инциденти на денот на изборите. Текстот е шпекулативен и политички пристрасен. Насловот, пак, е тенденциозен и дезинформира. Линк до оригиналниот напис: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите Датум и време на објавување:

Пропаганда и предвидувања

на 9. 12. 2016 | | sq

 

Напис – Журнал ексклузивно дознава: Во идната Влада ДУИ ќе го преземе Министерството за финансии

Скопје, 30 ноември – „Според изворите на новинската агенција „Журнал“, по изборите на 11 декември ќе има многу промени во политичкиот камп во земјава, при што се очекува Албанците да добијат најмногу кога се работи за поделбата на власта, иако и досега имале добри позиции во управувањето на разни владини ресурси, пренесува „Журнал“. Иако пред некое време „Журнал“ известуваше дека при поделбата на трите главни позиции на чело на државата на албанската партија на власт ќе ѝ припадне местото на претседателот на Собранието, новинската агенција „Журнал“ дознава дека на чело на Министерството за финансии ќе биде член од Демократската унија за интеграција. Инаку, цело