Наслов што сее паника и страв
Објавено во Рецензии
on 20 - 12 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици]
Насловот на текстот „Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици“, е сензационален и не соодветствува со содржината на текстот. Ваквата насловна конструкција предизвикува паника и сее страв помеѓу граѓаните. Фотографијата со која е илустрирана веста, исто така, не ја прикажува фактичката состојба и може да ја подгрее паниката што ја создава насловот.
Линк до оригиналниот напис: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици
Датум и време на објавување: 13.12.2016
Датум на рецензирање: 19.12.2016
Рецензент: Силвана Жежова
„КРВТА“ ВО НАСЛОВОТ ЈА НЕМА ВО ВЕСТА
Почетокот на текстот го демантира насловот, бидејќи се изнесува информација во која се вели дека лицата кои биле повредени во сообраќајките биле со полесни повреди. Така што, не станува збор за тоа дека „имало крв на патиштата и низ градските улици“.
Во текстот не е прецизно наведен изворот на информациите, иако веста личи дека е преземена од полициски билтен.
„Десет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета“.
Понатаму, во написот се соопштуваат информации за санкциите од страна на сообраќајната полиција, но и овде како и во претходниот дел не е наведен изворот. Не секој читател знае дека овие информации се содржат во билтените на МВР, кои од Министерството се препраќаат до медиумите.
„Сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и шест возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или користеле мобилен телефон. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила“.
Сепак, најспорен во оваа вест е насловот кој е преувеличен и невистинит. Изборот на насловот има цел да го зголеми бројот на кликнувања и да ги намами читателите да го отворат текстот, во кој воопшто ја нема „крвта“ од насловот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови