verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вулгарно спинување во текст за излезноста за гласањето

on 17 - 12 - 2016       

fireshot-capture-170-jpg

 

Текстот е коментаторски, говорот е навредлив, а изнесените податоци нецелосно се истражени за да се прикаже поинаква слика, што е спротивно на новинарските стандарди.

kje-go-jade-nekoj-nemien-so-se-jajca-gi-nema-partiskite-vojnici-i-lebarkite-sabajlevo-naroden-glasЛинк до оригиналниот напис: Ќе го јаде некој немиен со се јајца, ги нема партиските војници и лебарките сабајлево…

Датум и време на објавување: 11.07. 2016

Датум на рецензирање: 17. 12. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

Уште со насловот е најавено дека читателот може да очекува целосна непрофесионалност бидејќи е исполнет со навреди, вулгарности и со неиздржани тврдења. Ваквиот наслов е целосно неетички и е спротивен на сите нoвинaрски кодекси, каде било во светот, вклучувајќи го и етичкиот кодекс на новинарите во Македонија.

Професионалните стандарди се нарушени и во самиот текст. Без никаква поткрепа, уште во првиот пасус има јасно и директно наведување на некакви „факти“:

„Овие избори, имаме рекордно слаба излезност пред 10 часот, што значи нивните гласачи НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ГЛАСАЊЕ!!!“

Според својата содржина, написот би требало да претставува вест за излезноста на денот на гласањето. Сепак, во неа наместо факти имаме квазифакти, а потоа класично коментирање, полно со вулгарности.

Во случаи кога се изнесува тврдење дека „на овие избори до 10 часот има мала излезност“, истите може да се споредуваат со податоците од претходните избори. Но, треба да се имаат предвид сите аспекти, вклучувајќи го и датумот на гласање, кој е зимски месец. Дури и така, бројките што се даваат за споредба, особено втората, не укажуваат на „рекордно“ слаба излезеност.

Патем, вообичаено, пореална оценка за излезноста на изборите се дава во попладневните и во вечерните часови, имајќи предвид дека според досегашната изборна историја, гласачите во Македонија најчесто излегуваат на гласање во вториот период од денот. Тука презентирањето на податоците во раните утрински часови е направено за да се даде една поинаква слика, особено зашто не може да се знае кој за кого гласал за да се тврди дека е јасно дека некоја политичка партија ќе изгуби, што на крајот и се покажа како факт.

Во однос на јазикот, написот е одраз во најмала рака на отсуство на домашно воспитување. Ваквите вулгарности не доликуваат ниту на објава на блог или на статус на социјалните мрежи, а не пак веб-страница што претендира да биде информативен медиум.

Кодексот на новинари наведува дека при објавување текст според професионални стандарди, мора да се внимава на точноста на податоците, да се прави разлика меѓу вест и коментар, да се обезбеди професионална дистанца при информирање за политички настани, но и да се негува јазикот.

Сите овие членови и правила од Кодексот се прекршени во текст од само неколку редови.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

Може да поттикне

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести