Рецензии

Медиумско насилство врз децата (ДОПОЛНУВАЊЕ)

на 14. 09. 2016 | | en
[Рецензија: Тинејџерски секс во живо: Ја снимале жестоката акција и ја пренесувале на Фејсбук (ВИДЕО +18)]     Серија принципи од домашните и од меѓународните новинарски кодекси се прекршени со медиумската содржина што ја рецензираме. И не само тоа – прекршени се и повеќе одредби од меѓународни декларации за правата на децата кои, патем, Република Македонија ги ратификувала и со тоа не само што треба да ги заштитува, туку треба и да ги санкционира оние што ги прекршуваат. Прекршени се и закони, како што е нашиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги кој, во членот 50 (Заштита на малолетни лица) е многу прецизен: Давателите на аудиовизуелни медиумски услуги не смеат да емитуваат програми кои можат сериозно да му наштетат на

ВМРО-ДПМНЕ може да се шегува, СДСМ не може…

на 14. 09. 2016 | | sq
 

[ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига!]

    Текстот кој е предмет на оваа рецензија од мравка прави слон. Имено, написот е тенденциозен и без никакви основи си дозволува да атакува личности од опозицијата, претставувајќи ги како некакви монструми.   Линк до оригиналниот напис: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига! Датум и време на објавување: 11.09.2016 Датум на рецензирање: 14.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   НАВРЕДИ УШТЕ ВО НАСЛОВОТ Самиот наслов на написот содржи навредливи зборови за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквиот наслов воопшто не е креативен, но е сензационален и во голема мера тенденциозен, односно има

Анализа со коментари и непотврдени тези, спакувана како вест

на 14. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Таен договор меѓу ВМРО и СДСМ на штета на Албанците!

Од сигурни извори во македонската политичка структура, дознаваме дека Договорот познат за јавноста е формален и точките во него не беа пречка за постигнување на договорот, туку некои други точки кои се дел од еден таен договор меѓу ВМРО и СДСМ и кои директно се однесуваат на Албанците, пишува порталот fol.mk Пред да ги обелодениме точките од овој таен договор меѓу ВМРО и СДСМ, да кажеме дека лидерите на Албанците, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, двајца од претставниците во преговорите, колку божем да има правична етничка застапеност на Македонија, реално служеле само како украс во масата на преговорите од кои произлезе fормалниот договор од

Целосен политички напад со половично анализирање

на 14. 09. 2016 | |

[Рецензија: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе]

  Ова е уште еден од низата текстови натопени со идејата за пресметување со министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. И во овој текст воопшто не се води сметка за професионалноста и за стандардите на новинарството. Затоа и личи на напис по нарачка од некој центар, на кој воопшто не му се битни правилата, туку замајувањето на јавноста.     Линк до оригиналниот напис: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе Датум и време на објавување: 7.09.2016, 13:21 Датум на рецензирање: 09.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ЦЕЛОСЕН НАПАД СО ПОЛОВИЧНО АНАЛИЗИРАЊЕ „Технички назначената министерка од СДСМ одбиваше исто така да го потпише

Светоста на Мајка Тереза не треба да се чепка!

на 14. 09. 2016 | |

[Рецензија: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза]

  Текстот кој е предмет на оваа анализа критикува и обвинува друг медиум дека не ја почитува светоста на Мајка Тереза, а притоа е објавен во категоријата „Вести“. Освен што неосновано критикува, текстот манипулативно генерализира, а притоа и обвинува без докази.     Линк до оригиналниот напис: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза
Датум и време на објавување: 04.09.2016, 12:44
Датум на рецензирање: 09.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова  

НАПАД ЗА ПРЕНЕСЕН ТЕКСТ

Написот го критикува текстот објавен на порталот „Нова“, кој, притоа, не е авторски текст, туку е преземен од „Си-ен-ен“. Иако тоа е еднаш напоменато на почетокот од текстот, сепак

Пцости и простотилак наместо промоција на текст

на 13. 09. 2016 | |
      Објавата што ја рецензираме претставува збирштина од пцости и од вулгарности која во ниту еден момент не може да се нарече новинарски напис. Ваквата објава не е соодветна ниту за социјалните мрежи, а не, пак, за блог или за медиум.     Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ПИЧКА ВИ МАТЕРИНА НЕНОРМАЛНА – Свети Николчани не дочекаа богот Никола да им го направи мостот! НЕМАЛО ПАРИ?!?! А ИМА ЗА ТРКАЛО И РАЈСКА ГРАДИНА СО МАЈМУНИ, МАЈМУНИ ДА ВЕ ЕБАТ У УСТА!  Датум и време на објавување: 07.09.2016  04:22:21 часот Датум на рецензирање: 13. 09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Километарскиот таканаречен наслов претставува коментар и одраз на простотилак, а не на новинарски производ. Дури и да станува збор за

Растресен текст само за на „Фејсбук“

на 13. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!]

  Ваков текст тешко може да се нарече новинарски, но ете, Македонија е земја на чудата, па и тој постои! Методологијата по која се раководи „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ како да е правена за овој текст. Покрај сето тоа, написот е лошо напишан, со граматички грешки кои говорат за основно непознавање на македонскиот јазик.   Линк до оригиналниот напис: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда! Датум и време на објавување: 11.09.2016 Датум на рецензирање: 13.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Една ваква фотографија и коментар може да „поминат“ на социјални мрежи, од каде, претпоставуваме,

„Сензационално“ распукан асфалт

на 13. 09. 2016 | |

[Рецензија: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија]

  Непотребно преувеличување на ситуација, која и онака предизвика паника кај граѓаните, особено кај скопјани. Би рекле „долевање масло на огнот“ со пласирање несоодветен наслов и фотографија, кои може само да внесат дополнителен страв и немир кај јавноста, која, пак, во моментите по силниот земјотрес во Скопје очекуваше нов поинтензивен потрес.   Линк до оригиналниот напис: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија  Датум и време на објавување: (најверојатно) 11.09.2016  Датум на рецензирање: 13.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ВО НАСЛОВОТ И ФОТОГРАФСКО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ Нема дилеми, во Скопје се случи силен земјотрес од 5,3 степени, а не од 5,1, според Рихтеровата скала, но оваа непрецизност ќе ја

Ќе те вознемирувам за да кликаш

на 12. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси] Преземањето текстови од други медиуми не е нешто непознато, ниту невообичаено. Иако тоа зборува за одредена мрзеливост и за неинвентивност, сепак, додека преземањето се прави коректно, тоа е во ред. Под коректно подразбираме првенствено да се објави изворникот на текстот, со оригинален наслов и со датум и време кога е објавена содржината. Уште повеќе, кога се преземаат само одредени делови од „позајмената“ содржина, тогаш треба да се биде особено внимателен за да не се измести контекстот на преземениот дел и со тоа да се злоупотреби.   Линк до оригиналниот напис: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси Датум и време на објавување: 11.09.2016 –

Текст каков што одамна не сме прочитале

на 12. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа]

  По неколкудневната хајка со текстови против министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, конечно во македонскиот медиумски простор се појави нормален и професионално содржаен текст. Тоа што во него има неофицијални извори воопшто не му пречи на написот, напротив, само го збогатува и му дава содржајност. Ова е аргументирано, сеопфатно, а сепак читливо и непретенциозно четиво, а обработува прилично „жешка“ дневно-политичка тема.     Линк до оригиналниот напис:  Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа Датум и време на објавување: 10.09.2016, 17,39 Датум на рецензирање: 12.09.2016  Рецензент: Владо Ѓорчев     Текстот има правилно направен наслов, кој ги опфаќа