Рецензии

Етер-ветер-магла!

на 12. 09. 2016 | |

[Рецензија: Престројувања на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос]

    Новинарски трансфери претставени како партиско-политички потези. Но, нема ниту „А“ од аргументи или „Д“ од докази за низата констатации во рецензираниот текст, кои треба да покажат дека „опозициска невидлива рака“ стои зад преминувањата на репортери и на уредници од еден во друг медиум. Текстот продава „етер-ветер-магла“ во сериозен обид да етикетира низа новинари и телевизиски куќи како некакви си експоненти и филијали на социјалдемократите. Дегутантно!     Линк до оригиналниот напис: Престројувања на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос Датум и време на објавување: 08.09.2016  15:11  Датум на рецензирање: 10.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески       ЕТЕР-ВЕТЕР-МАГЛА!!! Приказните за конспирација на релација Сорос-СДСМ како да немаат крај во Македонија. Чиниш, веќе не можат

Тривијална ситуација искористена за црна реклама

на 10. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: СЕ РАСПАЃААТ: „СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа“ е главна тема на социјалните мрежи денес!]

  Класична црна реклама. Искористена е тривијална ситуација за врз основа на неа да се „изгради“ општ заклучок за распад на најголемата опозициска партија. Расклатена табла не може да биде дефинитивен и апсолутен сигнал за „расклатена“ опозиција, барем не во вистинското новинарство. Колку некој да сакал да е така, еден или два „клинци“ повеќе или помалку не се реален одраз за кондицијата во која се наоѓа политичкиот противник. Линк до оригиналниот напис: СЕ РАСПАЃААТ: „СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа“ е главна тема на социјалните мрежи денес! Датум и време на објавување: 06.09.2016 Датум на рецензирање: 09.09.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

СВЕТЛЕЧКАТА РЕКЛАМА ИЛИ

Текст без никакви информации

на 9. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е нецелосен, односно му недостигаат повеќе информации за читателот да има јасна претстава за настанот што се опишува. Линкуван наслов на анализираниот напис: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт Датум и време на објавување: 08.09.2016 Датум на рецензирање: 09.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Она што на прв поглед е нејасно е каде се одвива дејството на настанот. Единствено што може да послужи како некоја ориентација е тоа што текстот е ставен во рубрика „Регион“. Значи, не станува збор за настан во Македонија. Но,

Квазикоментаторски вести полни со навреди, етикети и со коментари

на 9. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО ЧОВЕЧЕ: Сеуште е нејасно дали Zaevi е природно глуп или да?]

  Текстот што е предмет на рецензија е дел од серијата текстови што беа објавени и кои имаа цел да го портретираат лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на Македонија и на македонскиот народ. Поводот за ваквите текстови е присуствувањето на фудбалскиот натрпевар „Шкендија“ – „Гент“, на кој навивачите имале истакнато знамиња на УЧК и шалови со карта на т.н. голема Албанија. Поради ваквите истакнати обележја, лидерот на опозицијата, кој не бил единствениот политичар на натпреварот, но само тој е предмет на хајка, е претставен како да ја поддржува идејата за т.н. голема Албанија. Линк до оригиналниот напис: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО

Пукање во празно

на 9. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“?]

  Ова е еден нецелосен и едностран текст, кој во себе не содржи никакви извори, ниту изјави од засегнати страни. Написот единствено содржи обвинувања упатени на сметка на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Но, таквите обвинувања не се поткрепени со ништо, поради што се доведува во прашање нивната веродостојност. Линкуван наслов на анализираниот напис: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“? Датум и време на објавување: 30.08.2016 Датум на рецензирање: 08.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот може да се препознае интенцијата на овој новинарски прозивод, а тоа е да се обвини првиот

Професионално незавршена вест

на 9. 09. 2016 | | sq

 

 

Напис: Срам за Мола Сула и за Изет Меџити, џамијата не се гледа никаде

Ветената џамија пред две години во Топанско Поле не се гледа никаде. Таму е останат само камен-темелникот на светата куќа, промовиран неодамна со помпезност од надлежните власти, пренесува „Факте“. Еден читател на агенцијата за вести ИНА, испратил неколку фотографии од местото на настанот. За ова невнимание тој ги обвинува поглаварот на ИВЗ, Мола Сула, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. „Срам за ИВЗ со Мола Сула и за градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кои веќе две години го зафатиле паркот и до ден денес не направиле ниту една работа. Овие двајца прават само маркетинг со оваа џамија“, пишува револтираниот граѓанин. /ИНА-онлајн.   [Рецензија:

Шпекулациите без факти не се професионално новинарство

на 9. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Дали Мухамед Зеќири се спрема да се кандидира за пратеник?

Скопје, 30 август – Утре се очекува да се одржи средбата на лидерите на четирите главни политички партии во земјава, на која, според последните информации, ќе се констатираат двата главни исполнети услови, формирање на ад хок комисијата и прочистувањето на избирачкиот список. Се очекува лидерите да излезат со став за одредувањето на датумот на изборите, што најверојатно се очекува да биде 11 декември оваа година, известува „Журнал“. Од друга страна, партиите почнале да ги прават нивните регрупирања и разговорите за формирање на листите за тоа кој кандидат ќе го претстават пред гласачкото тело како претставник на народот што ќе ги штити нивните права во највисокото законодавно тело во

Новинарството треба да ги избегнува шпекулациите

на 9. 09. 2016 | | sq

 

Напис – Екслузивно: Заев дава оставка како претседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, известуваат за весникот „Лајм“ сигурни извори. Меѓутоа, оваа оставка не претставува негово повлекување од политиката, а ни од раководството на СДСМ. Тој повторно ќе се кандидира за претседател на партијата на конгресот на СДСМ што ќе се одржи по две недели. Истите извори велат дека иако можеби ќе има и противкандидати, на овој конгрес Заев повторно ќе биде избран за лидер на партијата, бидејќи има неоспорна поддршка кај мнозинството делегати и структурата. „На овој начин Заев ќе ја потврди неоспорната поддршка што ја има и со оваа поддршка ќе се впушти во изборната трка на 11 декември“,

Наместо вест само коментари

на 9. 09. 2016 | | sq

Напис: Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?!

Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?! По приклучувањето на поранешниот новинар Мухамед Зекири кон СДСМ, многу партиски војници на ДУИ почнаа да ни продаваат патриотизам против оваа одлука од страна на Мухамед Зекири, но парадоксот е јасен, тие една деценија се заедно со ултранационалистите Mакедонци од ВМРО, почнувајќи од Никола Груевски, па сè до Миленко Неделковски, кој јавно го навредува албанскиот народ. Пред да почнете да продавате патриотизам, не го заборавајте: Сопот Монструм По каурин од кауринот „Куманово“ „Командант Шќипоња“ Итн.  

[Рецензија: „Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири,

Поттикнување меѓуетничка нетрпеливост за партиски интереси

на 8. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗАЕВ ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Своеволно се откажа од својот народ, историја и држава – од денес е активист на УЧК!]

  Текстот е коментаторски, навредлив и служи само за да се извалка интегритетот на лидерот на опозицијата. Исто така, со самиот текст, дополнително се подгреваат меѓуетничките тензии, што е спротивно на новинарските стандарди, а единствена придобивка од сето тоа е собирањето евтини политички поени. Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Своеволно се откажа од својот народ, историја и држава – од денес е активист на УЧК! Датум и време на објавување: 25.08. 2016 Датум на рецензирање: 07.09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Самиот наслов и поднаслов укажуваат дека текстот е коментаторски,