Рецензии

Текст како муабет на колеги на своите работни места

на 8. 09. 2016 | |

[Рецензија: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП?]

  Овој текст воопшто и немал намера да го прикаже проблемот од сите аспекти, туку наменски да ја претстави сликата само од аголот на власта, притоа фрлајќи дрва и камења по министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.   Линк до оригиналниот напис: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП? Датум и време на објавување: 6.09.2016, 16:52 Датум на рецензирање: 07.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ЕКЛАТАНТЕН НАПАД БЕЗ НОВИНАРСТВО Материјалот што го рецензираме уште на самиот почеток ја критикува министерката Ременски: „Нарушување на работната атмосфера, притисоци и обиди за скандали – Фросина Ременски го започна вториот мандат како технички

Сеење страв меѓу граѓаните

на 7. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Опасна двојка демне мали дечиња низ Скопје со цел да ги киднапира]

    Текстот што го рецензираме шири паника меѓу граѓаните бидејќи изнесува непотврдени информации во врска со обиди за киднапирање на деца во неколку скопски населби. Истиот се заснова на статус на „Фејсбук“, кој иако беше објавен на крајот на текстот, во меѓувреме е отстранет. Напис за вакво сериозно тврдење за безбедноста на децата, кое го засега секој родител, не може да се потпира само на фејсбук-статус, туку при неговото подготвување требало да се провери дали има пријава во МВР или, пак, да обезбеди изјава од засегнат родител, за да се провери вистинитоста и да се укаже на одредено предупредување. Доколку имало обид за киднапирање,

Патриотметар со единици мерки за патриотизам

на 7. 09. 2016 | | sq

 

[Рецензија: „RESPECT KOSOVA!!!“: На овие избори СДСМ ќе настапи како навивачка група]

    Ајде ставете се во улога на одговорен во некој медиум и замислете ситуација во која некоја позната личност, со македонски етнички идентитет, граѓанин на соседна Бугарија, развие македонско знаме и објави текст на некоја социјална мрежа со кој упатува навивачки поттик за некоја македонска спортска репрезентација. Нашите медиуми тоа веднаш ќе го „воспејат“, а бугарските ќе го осудат. Познати шеми. Веќе видени. Но, тоа е само една од многу варијанти на оваа приказна. Познавам многу пријатели и познаници кои навиваат за спортските репрезентации на Италија, Шпанија, Англија, Германија… Дури сум видел и нивни фотографии со знамиња на тие земји. И што? Дали тие се предавници?

Текст кој е и психијатар и експерт

на 7. 09. 2016 | |
   

[Рецензија: „Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ]

  Текстот е несодржаен и необјективен од почеток до крај. Правен е со идеја да го дискредитира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) и да ја стави под прашалник неговата професионалност. Но, притоа се заборавило дека ДИК е независно тело и самото одлучува за својата работа, a нејзиниот претседател може да се среќава со кого сака во слободно време. Тоа воопшто не значи дека тој не е професионален. Напротив, неговата професионалност се гледа во работата на ДИК, во нејзините одлуки и во нејзината доверба кај граѓаните.   Линк до оригиналниот напис: „Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ Датум и време на

Подгревање на изјава заради политичка манипулација

на 6. 09. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Изјава на Владимир Путин за актуелната политичка ситуација во Македонија]

    Објавувате куса изјава на Владимир Путин, најавувајќи дека тоа е став на претседателот на Руската Федерација за актуелната ситуација во Македонија. Всушност, пласирате стар настап на Путин што датира од минатата година. Чиста манипулација и спинување.   Линк до оригиналниот напис: Изјава на Владимир Путин за актуелната политичка ситуација во Македонија  Датум и време на објавување: 04.09.2016  14:10  Датум на рецензирање: 04.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   ЗА АКТУЕЛНАТА СИТУАЦИЈА, АМА ЛАНИ!!!! Вистинитоста овде е со застарен карактер. Да, Путин имал изјава за состојбата во Македонија, ама тоа било лани во мај. Оттука прашање е зошто со денешен датум се пласира бајат настап на рускиот претседател. Најверојатно поради политичка

Медиумска милитантна мобилизација

на 5. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: 113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово]     Пред нас е еден типичен пример за манипулативно врамување, односно ставање на одредена медиумска содржина во контекст, со што таа добива сосема друго значење од нејзиното автентично. Во овој случај, содржината е една сосема небитна информација, меморабилија за активностите на ОВК (УЧК) на Косово од 1999 година, а рамката е вонредните парламентарни избори во Република Македонија. Значи, на денот кога почна одбројувањето на стоте дена до вонредните парламентарни избори, медиумот избрал да врами информација која суштински е определена во насловот „113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово“ за да предизвика вознемиреност, заплашување кај граѓаните од една страна, и, од друга страна да

Спинови и навреди сокриени зад „истражувачка сторија“

на 5. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири]

Како да се окарактеризира текст кој го критикува изборот на доскорешниот новинар Мухамед Зекири во централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, користејќи  спинови, навреди, невистини и небулози, повреда на приватноста, што е особено важно – без трошка вистина, но со голем број навреди на лична, верска и на национална основа? Секако не е новинарство. Попрво ќе е – приземна политичка пропаганда подметната како кукавичко јајце на читателите во облик на новинарски текст!     Линк до оригиналниот напис: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири Датум и време на објавување: 1.09.2016, 22:19 Датум на рецензирање: 4.09.2016 Рецензент: Југослава

Скандалозен текст со непроверени шпекулации

на 5. 09. 2016 | | sq
   

[Рецензија: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие лицата од СДСМ кои се одговорни за нејзиниот ПР]

    Текстот што го рецензираме почнува како коментар и во најголем дел е токму тоа. „Скандалозно е лица кои се задолжени за односи со јавност, кои имаат допир со чувствителни материјали, да се кријат од медиумите и јавноста“. Со тоа уште од влезната реченица се прекршуваат правилата на етичко известување во медиумите. Сепак, што е скандалот останува нејасно до самиот крај. Дали е скандал тоа што се тврди дека Специјалното јавно обвинителство „крие“ нешто или е скандалозно тоа што текстот е непроверена шпекулација, без намера да се праша засегнатата страна.   Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие

Платите на СЈО магично откриени

на 5. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО]

  Како што се зголемува фреквенцијата на лица кои се повикувани на распит или како сведоци во Специјалното јавно обвинителство, така се засилува и негативната кампања на некои медиуми кон оваа институција. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО
Датум и време на објавување: 28.08.2016, 19:43
Датум на рецензирање: 04.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова   НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО СЕ ПЛАТИТЕ ТОЛКАВИ Со овој напис се прави обид да се дискредитира работата на СЈО. Ваквите текстови со сета сила се обидуваат да прикажат дека обвинителите од ова јавно обвинителство не ги заслужуваат парите што ги добиваат. А платите што јавните обивиниели од СЈО ги добиваат се предвидени со

Пример за подлизување на „премиерот“ што строи!

на 5. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЛИДЕР ЗА ПРИМЕР ШТО ВЕТУВА ИСПОЛНУВА: Груевски на состанок со министри и градоначалници за дадените ветувања и нивното реализирање]

    Подлизувачки напис… Материјал во кој се воспева лидерството на шефот на владејчката партија. Текст, кој слично како и неговиот главен протагонист, го има загубено компасот што е тоа држава, а што партија и не препознава дека граница меѓу нив мора да постои.   Линк до оригиналниот напис: ЛИДЕР ЗА ПРИМЕР ШТО ВЕТУВА ИСПОЛНУВА: Груевски на состанок со министри и градоначалници за дадените ветувања и нивното реализирање Датум и време на објавување: 01.09.2016 Датум на рецензирање: 03.09.2016 Рецензент: Владимир Мирчески   ТЕКСТ СО ЗАГУБЕН КОМПАС ЗА ТОА ШТО Е ДРЖАВА, А ШТО ПАРТИЈА Македонија веќе години нанзад во документи на