verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сеење страв меѓу граѓаните

on 7 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Reporter za navodni kidnapiranja

 

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Опасна двојка демне мали дечиња низ Скопје со цел да ги киднапира]

 

 

Текстот што го рецензираме шири паника меѓу граѓаните бидејќи изнесува непотврдени информации во врска со обиди за киднапирање на деца во неколку скопски населби. Истиот се заснова на статус на „Фејсбук“, кој иако беше објавен на крајот на текстот, во меѓувреме е отстранет. Напис за вакво сериозно тврдење за безбедноста на децата, кое го засега секој родител, не може да се потпира само на фејсбук-статус, туку при неговото подготвување требало да се провери дали има пријава во МВР или, пак, да обезбеди изјава од засегнат родител, за да се провери вистинитоста и да се укаже на одредено предупредување. Доколку имало обид за киднапирање, случајот, сепак, требало да се пријави во МВР, а не да се пишува статус на „Фејсбук“.

 

reporterЛинк до оригиналниот напис: ВНИМАНИЕ: Опасна двојка демне мали дечиња низ Скопје со цел да ги киднапира

Датум и време на објавување: 05.09.2016

Датум на рецензирање: 07.09.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

Текстот почнува со опис кога и како се случил наводниот обид на киднапирање, чија вистинитост не е потврдена. За овој обид за киднапирање нема сведоштво од засегнатиот родител на посоченото дете, а не е пријавено ниту в полиција. Доколку овој опис се најдеше во билтен на МВР, ќе можеше да се потврди вистинитоста, ама вака, без користење вистински извори на информации, не може да се утврди.

„Вчера вечерта околу 7 часот во населбата 11 Октомври во Кисела Вода додека си играле деца на возраст од околу 10 години,им пришла кола опел астра караван тегет боја без регистарски таблици во која имало маж и жена и им нуделе играчки на децата со цел да ги привлечат во колата.Во тој момент едно од децата дошло до колата и мажот ( шоферот) пробал да го внесе детето внатре употребувајќи сила“.

Во написот се оди и чекор понатаму и се наведува дека вакви обиди за киднапирање имало и на други места освен во Кисела Вода. За ширењето паника и страв меѓу граѓаните, придонесува и тоа што во текстот се апелира родителите да внимаваат на своите деца бидејќи „не се бира време и место за киднапирање“, нешто што секој родител го знае.

„Има информации дека овакви случаеви со истата кола и истите особи патролира во областа на Кисела Вода и пошироко.Апел до родителите да внимаваат на своите деца каде ги пуштаат да си играат и шетаат,бидејќи изгледа некои луѓе не бираат време и место за киднапирање“.

Статусот на кој се базираше овој текст беше доста споделуван на социјалните мрежи, но тоа може да биде само поттик да се испита случајот во надлежните институции и доколку нема релевантни информации, да не се прави новинарски текст од него.

Задача на новинарот е да ја истражи вистинитоста на тврдењата, за граѓаните правилно да се информираат. Без докази, изјави, потврда од институции, не може да се утврди вистинитоста на статусот на „Фејсбук“ и од тоа не може да произлезе новинарски текст, туку само се разгорува сеењето страв.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

Претплатете се за најнови вести