verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Патриотметар со единици мерки за патриотизам

on 7 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Republika za Muki navivacot

 

[Рецензија: „RESPECT KOSOVA!!!“: На овие избори СДСМ ќе настапи како навивачка група]

 

 

Ајде ставете се во улога на одговорен во некој медиум и замислете ситуација во која некоја позната личност, со македонски етнички идентитет, граѓанин на соседна Бугарија, развие македонско знаме и објави текст на некоја социјална мрежа со кој упатува навивачки поттик за некоја македонска спортска репрезентација. Нашите медиуми тоа веднаш ќе го „воспејат“, а бугарските ќе го осудат. Познати шеми. Веќе видени.

Но, тоа е само една од многу варијанти на оваа приказна. Познавам многу пријатели и познаници кои навиваат за спортските репрезентации на Италија, Шпанија, Англија, Германија… Дури сум видел и нивни фотографии со знамиња на тие земји. И што? Дали тие се предавници? Непријатели на Република Македонија?

Третата страна на оваа приказна е, всушност, суштинска, правото некој да навива или да дава поддршка за некоја друга спортска репрезентација е приватно право и никој не би требало да го засега, уште повеќе што тоа воопшто не е од некаков јавен интерес. Туку од ептен приватен интерес.

Може ли да се измери патриотизмот со бројот на објавени фотографии со мотив поддршка на националните спортски тимови?

 

 

FireShot Capture 28 - RESPECT KOSOVA На овие избори СДСМ ќе настЛинк до оригиналниот напис: „RESPECT KOSOVA!!!“: На овие избори СДСМ ќе настапи како навивачка група

Датум и време на објавување: 06.09.2016, 11:15

Датум на рецензирање: 07.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Се разбира дека не може! Но, кога станува збор за манипулативни медиуми, кои ставаат во претходно изготвена политичка рамка приватни содржини, тие медиуми се самоназначуваат себе си за патриотметри. Продуцираат содржини кои треба да дискредитираат познати, влијателни личности, со „мерки“ за патриотизам според скалата на нивниот патриотметар.

Тоа не е новинарство што ги почитува ниту домашните, ниту интернационалните принципи за професионално и етичко медиумско известување. Според домашниот Кодекс на новинарите на Македонија, во членот 10, е утвредно дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Ако некој медиум не ги прифаќа дома утврдените принципи, може да побара толкување и кај интернационалните. Декларацијата за принципи и однесување на новинарите (IFJ Declaration of Principles on the Conduct of Journalists), на пример. Во оваа декларација јасно е определено, во членот 8, дека новинарите ќе ги сметаат за сериозен престап „клеветите, етикетите, навредите и неоснованите обвинувања“.

Од другите слабости на овој текст, обрнуваме внимание и на коментарите интегрирани во текстот, како и на пропуштената можност изворно да добијат информација од „метата“ во текстот. Посебно ја нагласуваме манипулацијата со централната, односно насловната фотографија. Изворно, таа е направена во септември 2015 година, а не деновиве, а за тоа нема никаква информација во содржината.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести