verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Платите на СЈО магично откриени

on 5 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Press 24 za platite vo SJO

[Рецензија: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО]

 

Како што се зголемува фреквенцијата на лица кои се повикувани на распит или како сведоци во Специјалното јавно обвинителство, така се засилува и негативната кампања на некои медиуми кон оваа институција.

ФОТО Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО Press24Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО
Датум и време на објавување: 28.08.2016, 19:43
Датум на рецензирање: 04.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО СЕ ПЛАТИТЕ ТОЛКАВИ

Со овој напис се прави обид да се дискредитира работата на СЈО. Ваквите текстови со сета сила се обидуваат да прикажат дека обвинителите од ова јавно обвинителство не ги заслужуваат парите што ги добиваат. А платите што јавните обивиниели од СЈО ги добиваат се предвидени со Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и со Законот за изменување и дополнување на законот за јавнообвинителска служба, кои ги изгласаа пратениците на сите политички партии во Соборанието.

Во Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, категорично стои дека платите на обвинителите во СЈО се слични со платите на обвинителите во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

XIII. Финансирање и административни средства
Член 14
(2) Платата на јавните обвинители во Јавното обвинителство се определува во висина на платите на јавните обвинители во Основното јавно обинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Слична одредба има и во Законот за изменување и дополнување на законот за јавнообвинителска служба, изгласан од пратениците на 31 декември 2015 година, кој се донесе по барање на СЈО.

Плата и надоместоци
Член 120-ј
(3) Вредноста на бодот за пресметување на платите на јавнообвинителските службеници во Јавното обвинителство се утврдува секоја година со одлука на Владата на Република Македонија и истата не може да биде помала од вредноста на бодот утврдена за јавнообвинителските службеници од јавните обвинителства.
Додатоци на плата
Член 120-л
(1) Јавнообвинителскиот службеник има право на додатоците од членот 1 од овој Закон кумулативно во висина до 35% од износот на основната плата.

 

ИЗВОРОТ НА СПИСОКОТ НЕ Е НАВЕДЕН

Најспорното прашање во овој текст е од каде се овие информации добиени. Во написот нема ниту еден извор на информации, а згора на сè, тој е едностран.

Овие податоци можат да се добијат единствено ако нив одлучи да ги сподели СЈО, Управата за јавни приходи или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Но, во текстот не е назначено од каде се добиени, што остава голем простор тие и да не се точни, односно да се измислени.

Текстот е посиромашен и за изјава од Специјалното јавно обвинителство, во која оттаму би ги потврдиле изнесените наводи доколку се вистинити или би ги демантирале доколку се невистинити.

На овој начин грубо се прекршува член 1 од Кодексот на новинари кој предвидува дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Целта на овој текст е да се дефокусира јавноста од работата на Специјалното јавно обвинителство и постапките што ги води и да се изгради негативна кампања за работата на оваа институција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести