Рецензии

Медиумски ќор-фишек за „Макпетрол“

на 2. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда]     Да, сосема е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога ни ја предлага оваа медиумска содржина за рецензија. Си дозволуваме да напишеме уште на самиот почеток на овој осврт, дека овој текст е типичен пример за оној тип препораки „како да упропастиш добра новинарска идеја во четири чекори“. Навистина, темата што ја обработува оваа новинарска содржина е актуелна, контроверзна, обвитката со мистерија… Значи ги има сите атрибути да биде медиумски вредна информација од која се прави добра новинарска сторија. Но, наместо тоа, во овој случај е избран еден крајно несоодветен, непрофесионален начин.     Линк до оригиналниот напис: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда

Без факти, неофицијалните извори се камуфлирани гласини

на 2. 09. 2016 | | sq

 

Напис: „Муки“ не го сака ни ТВ „Шења“?!

Скопје, 30 август – Неофицијално се дознава дека новинарот Мухамед Зекири си заминал и од ТВ „Шења“, пренесува „Журнал“. Такво нешто не е потврдено од самиот новинар, кој изгледа во моментов го одбрал  молкот како одговор за овој случај. Причините за неговото „заминување“ остануваат непознати. Инаку, новинарот Мухамед Зекири пред една година си замина од телевизијата „Алсат-М“, а сега истата среќа го следи и со ТВ „Шења“. Зекири во јавноста е познат како голем критичар на власта и многу близок со македонската опозиција.  

[Рецензија: „Муки“ не го сака ни ТВ „Шења“?!]

Неофицијалните извори се важни и може да се употребуваат за пишување на вестите. Но, не може секоја гласина да

Еве како изгледа еден манипулативен наслов

на 2. 09. 2016 | | sq

Напис: Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид

  Откриен е идентитетот на мотоциклистот што во вторникот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Охрид. Според весникот „Дневник“, станува збор за Крсте Велјановски, сопственик на познат локал во Охрид, пренесува весникот „Лајм“. Несреќата се случила на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Требеништа, меѓу еден мотоцикл и камион. Мотоциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, додека тешкиот камион „сканиа“ се движел од Охрид кон Кичево. Мотоциклот завршил под камионот. Од МВР потврдиле дека возачот на мотоциклот починал на самото место.  

[Рецензија: „Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид“]

Манипулацијата со сензационални наслови не е реткост во новинарството. Ова се прави за

Необјективност „забетонирана“ во насловот

на 2. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Станува ли СЈО дел од Сорос и СДСМ?]

Дали обид за избалансирано информирање пропадна поради сугестивен, некоректен и политички обоен наслов? За написот што е предмет на оваа рецензија, одговорот е – да! Овој напис се базира на шпекулации, односно непотврдени информации, што, за жал, не е практика невообичаена за новинарството. Ако се изземе насловот од целата анализа на објективноста и запазувањето на новинарските стандарди, може да се каже дека во овој напис е направен обид да се пренесат сите сознанија околу темата, да се укаже на дилемите што постојат и да се запази и континуитетот во третманот на темата – вработувања во СЈО. Легитимно е обраќањето на новинарите до секоја државна институција и барањето информации, меѓу другото,

Епидемија на развод – со јавноста

на 1. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Полог зафатен од „епидемија“ на разводи пред венчавка, свадбите неуспешни како и Охридскиот Договор

Во Полошкиот Регион се забележува една појава на предбрачни „разводи“, пишува весникот „Лајм“. Како што известуваат медиумите, бројот на претходно одредените свадби што се откажуваат бележи голем подем. Само во еден ресторан во едно село од Општина Боговиње во Тетовскиот Регион, оваа година се откажани 17 резервирани свадби. Откажувањата се придружени од секакви скандали и од случаи што досега не се регистрирани во овие краишта. „Шќипмедиа“ извести за една неуспешна свадба во едно село од Гостиварскиот Регион, каде што девојката избегала на денот кога требало да стане невеста. Ова се случило и летово во едно село познато за нашата редакција, но поради етички причини

Лош наслов, тенденциозност и во содржината

на 1. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата. „Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и, секако, ќе си одат тие што досега биле дел од  ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на

Текст кој од спортски натпревар прави политички скандал

на 1. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗАЕВ СЕ ЗДРУЖИ СО „БАЛИСТИТЕ“: Лидерот на СДСМ покрај знамиња на УЧК навиваше за Шкендија (ФОТО)]

    Текстот што е предмет на рецензија има цел неосновано и без факти да го претстави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на македонскиот народ и нација, бидејќи присуствувал на натпревар меѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и „Гент“. Заев е „виновен“ поради тоа што седел на неколку метри од местото каде што се „вееле знамиња на УЧК и шалови со карта на голема Албанија“, и, според текстот, тоа значи дека лидерот на опозицијата ја поддржува идејата за Голема Албанија. Иако на овој натпревар присуствуваа и други политичари и јавни личности, само Заев се најде на мета на медиумската хајка поради овој

Новинарски воајеризам

на 31. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа?]     Се осврнуваме на медиумска содржина со малку поодминат датум, но бидејќи доаѓа како предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ и затоа што опфаќа важни прашања, времето на објавување на сторијата е од минорно значење во однос на сериозните пропусти во неа од професионален и од етички аспект. Една од општите сугестии на сите правила, учебници, прирачници, кодекси…, кога станува збор за известување на животот на славните, популарни личности, е дека и ова новинарство мора да ги почитува и понатаму основните начела и стандарди за вистинитост, новинарска вредност и за непристрасност.   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа? Датум и време на објавување: 

И стара вест без ниту еден нов елемент, може да биде опасна

на 31. 08. 2016 | | sq

 

Напис: 21-годишниот Ром осуден на 13 години затвор за украдени 100 евра

Ромското семејство Сејфула во Куманово вели дека сè уште се шокирани од пресудата на судот за нивниот 21-годишен син што беше осуден на 13 години затвор за кражба на 100 евра. Осудениот е Бирсан Сејфула, кој се обвинува дека со група ги нападнал тројца илегални Авганистанци мигранти во околината на Куманово и им украл 100 евра. И братот на Бирсан завршил со казна, но во куќен притвор, додека двајцата други напаѓачи се во бегство. Таткото на осудениот истакнал дека син му ќе одлежи затвор од 13 години, како да убил некого: „Оваа казна е срам за судството. Ова е гнасно. Поради оваа висока казна, здруженијата на ромската

Скандал – без докази и без факти

на 31. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Како Али Ахмети му „најде“ работа на својот брат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, едниот од своите браќа уште од завршувањето на војната го вработил во рамките на вработувањата на Охридскиот договор. Фекри, за кого не се знае кога дипломирал и дали има некое високо образование, беше вработен на огласите што се објавуваа по војната од секретаријатот што беше воден од Муса Џафери, информира ИНА. Но, тој потоа преминал како администратор во Општина Зајас и сега во Кичево. Како што дознава ИНА од извори во оваа Општина, братот на лидерот на ДУИ никогаш не отишол во работната канцеларија и не е виден некогаш на работното место. И други членови на семејствата на челниците на ДУИ, вклучувајќи ги и