verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без факти, неофицијалните извори се камуфлирани гласини

on 2 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 9 - _MUKIN_ se do as TV SHENJA _! - http___www.zhurnal.mk_content__id=16830139766

 

Напис: „Муки“ не го сака ни ТВ „Шења“?!

Скопје, 30 август – Неофицијално се дознава дека новинарот Мухамед Зекири си заминал и од ТВ „Шења“, пренесува „Журнал“.

Такво нешто не е потврдено од самиот новинар, кој изгледа во моментов го одбрал  молкот како одговор за овој случај. Причините за неговото „заминување“ остануваат непознати. Инаку, новинарот Мухамед Зекири пред една година си замина од телевизијата „Алсат-М“, а сега истата среќа го следи и со ТВ „Шења“.

Зекири во јавноста е познат како голем критичар на власта и многу близок со македонската опозиција.

 

[Рецензија: „Муки“ не го сака ни ТВ „Шења“?!]

Неофицијалните извори се важни и може да се употребуваат за пишување на вестите. Но, не може секоја гласина да се нарече неофицијален извор. „Неофицијална“ може да се смета една информација која е обезбедена од новинарот, но сè уште не е јавна, или главниот лик уште не се изјаснил јавно, но ја потврдил на некој начин истата информација, на пример, преку СМС или телефон. Во спротивно, овие „гласини“ остануваат само гласини.

Screenshot (123)Линк до оригиналниот напис: „Муки“ не го сака ни ТВ Шења?!

Датум и време на објавување: 30.08.2016

Датум на рецензирање: 30.08.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Во веста се нагласува дека има шанси Мухамед Зекири да си замине од телевизијата „Шења“, но во истата реченица се вели дека Зекири одлучил моментално да не се изјасни. Сега, доколку лицето за кое се зборува одлучило молчи, тогаш од каде е земена оваа информација? Исто така, и причината за неговото заминување, како што се спомнува во содржината, останува непозната. Значи, ни ова уште не се знае, што подразбира дека оваа содржина нема смисла да се објави, без да има во неа вест.

Последната реченица, пак, навлегува и ги коментира политичките убедувања на спомнатиот новинар. Но, ова не е најголемиот проблем. Дефектот стои во тоа што текстот не докажува дали авторот воопшто го прашал новинарот за неговите политички убедувања. Таму се вели дека тој е голем критичар на власта и многу близок со македонската опозиција. Сето ова може и да е вистина, но за ова треба докази. Не би требало да е воопшто тешко да се праша директно Зекири за овој аспект и неговото изјаснување да се воведеше во текстот.

Можеби оваа проценка се потпира на објавувањата што ги прави Мухамед Зекири на својот фејсбук-профил, но ова не е доволно за да се прават заклучоци и оценувања за личноста на едно јавно лице или да се зборува за негови политички или идеолошки убедувања. Повеќето од нас сме активни или одвреме-навреме изразуваме ставови на „Фејсбук“, но овие не може да се земаат како основа за да се суди на толку општ начин.

Причината е многу проста, сериозноста на корисниците на социјалните мрежи не е секогаш на соодветно ниво или не може да се следат во контекстот кој го имал предвид авторот. Има луѓе кои со нивните статуси само провоцираат за да го измерат пулсот на јавноста, има други што статусите ги основаат на иронија и на сарказам. Меѓутоа, доколку се побара став од некој новинар, веднаш може да се измени или модифицира статусот или неговиот напис и да се прилагоди за еден публицистички текст. Сепак, ова често се прави на несоодветен и тенденциозен начин.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести