verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумски ќор-фишек за „Макпетрол“

on 2 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Makpetrol na ekstazi

[Рецензија: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда]

 

 

Да, сосема е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога ни ја предлага оваа медиумска содржина за рецензија. Си дозволуваме да напишеме уште на самиот почеток на овој осврт, дека овој текст е типичен пример за оној тип препораки „како да упропастиш добра новинарска идеја во четири чекори“.

Навистина, темата што ја обработува оваа новинарска содржина е актуелна, контроверзна, обвитката со мистерија… Значи ги има сите атрибути да биде медиумски вредна информација од која се прави добра новинарска сторија. Но, наместо тоа, во овој случај е избран еден крајно несоодветен, непрофесионален начин.

 

 

09022016-Faktor-MakpetrolЛинк до оригиналниот напис: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда

Датум и време на објавување: 31.08.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 02.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЗАСЕГНАТИТЕ, ЗАБОРАВЕНИ ВО ТЕКСТОТ

Во првиот чекор „утката“ е што не е побарана изјава, мислење, толкување од страна на менаџерите на компанијата што е директна тема на оваа сторија. Како најзасегната, таа заслужува да биде прашана. Ништо од тоа.

Како втор чекор е медиумскиот ќор-фишек што произлегува од првиот: нема втора страна. Во овој случај, познавач на оваа индустрија или, пак, финансиски или берзански експерт, за да објасни како „Макпетрол“ од компанија со загуби се „претвори“ во компанија со добивка. Бидејќи, нели, тоа е љубопитното прашање што произлегува од оваа информација. Ништо ниту од тоа.

Навистина, текстот се повикува на еден секундарен извор – месечниот извештај за работата на компанијата – и врз основа на тој извештај поставува многу прашања. Но, тие прашања не се упатени таму каде што треба. На вистинската адреса.

 

ЛОШО ПРИКРИЕН КОМЕНТАР

Третиот чекор за упропастување добра идеја е, наместо темелен извештај врз основа на искази, да напишете – коментар. Оттаму, оваа медиумска содржина, скриено, бидејќи никаде не е наведено дека се работи за коментар, туку, напротив, текстот е објавен во рубриката „Економија“, е направено класично подметнување.

Четвртиот штетен чекор е насловот. Тој бил логична последица на коментаторскиот пристап, односно – како што фино забележа еден наш уважен колега – на блогерскиот, личен пристап кон темата. Што значи тоа „Макпетрол работи на екстази“? Дека цел „Макпетрол“ е издрогиран? Немаме ништо против споредбите, украсите, во новинарските текстови. Но, во овој случај, сметаме дека подобра ќе беше споредбата со синонимите што произлегуваат од зборот „адреналин“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести