verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еве како изгледа еден манипулативен наслов

on 2 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 8 - Veljanovski humbi jetën në aksident në_ - http___lajmpress.com_veljanovski-hu

Напис: Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид

 

Откриен е идентитетот на мотоциклистот што во вторникот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Охрид. Според весникот „Дневник“, станува збор за Крсте Велјановски, сопственик на познат локал во Охрид, пренесува весникот „Лајм“.

Несреќата се случила на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Требеништа, меѓу еден мотоцикл и камион. Мотоциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, додека тешкиот камион „сканиа“ се движел од Охрид кон Кичево.

Мотоциклот завршил под камионот. Од МВР потврдиле дека возачот на мотоциклот починал на самото место.

 

[Рецензија: „Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид“]

Манипулацијата со сензационални наслови не е реткост во новинарството. Ова се прави за привлекување на вниманието, како и за поттикнување на читателот да ја отвори врската (линкот) што води до текстот, за да го зголеми бројот на кликнувања. Таквите двосмислени „трикови“, врз основа на стандардите, не се сметаат за професионален акт.

Lajm - Veljanovski humbi jeten ne aksident ne OherЛинк до оригиналниот напис: „Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид

Датум и време на објавување: 25.08.2016, 11:03

Датум на рецензирање: 26.08.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

„Велјановски го загубил животот“ е наслов што буди интерес кај јавноста, не само во земјава, бидејќи во него е вклучено името на една од најважните актуелни политички фигури во Македонија. Смртта на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, во една сообраќајна несреќа во Охрид, би била главен наслов во сите медиуми во земјава и меѓу главните наслови на многу медиуми во регионот. Но, бргу се дознава дека ова не е настанот за кој се известува.

Содржината на текстот ни објаснува дека жртвата на несреќата е Крсте Велјановски, кој не е јавна личност, и не се известува да има семејни врски со гореспоменатиот.

„Откриен е идентитетот на мотоциклистот што во вторникот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Охрид. Според весникот „Дневник“, станува збор за Крсте Велјановски, сопственик на познат локал во Охрид, пренесува весникот „Лајм“.

Другиот дел е вообичаен приказ на официјалниот извештај од МВР и детали како се случила несреќата. Таму нема ништо спротивно на професионалните начела на веста.

„Несреќата се случила на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Требеништа, меѓу еден мотоцикл и камион. Мотоциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, додека тешкиот камион „сканиа“ се движел од Охрид кон Кичево. Мотоциклот завршил под камионот. Од МВР потврдиле дека возачот на мотоциклот починал на саммото место“.

Целиот проблем на овој напис стои во насловот. Многумина не би биле заинтересирани да прочитаат една вест, дел од црната хроника, за едно непознато лице, бидејќи ваквите вести се вообичаени. Но, смртта на една важна политичка фигура, секако ги привлекува читателите. Токму ваквата намерна манипулација од страна на авторот ги прекршува професионалните начела за објективно и несензационално информирање.

Етички кодекс на новинарите:

  • Насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина;
  • Новинарот не смее поради привлечност на трудот да провоцира неоснована загриженост или надеж кај соговорниците или да манипулира со нивните чувства.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

манипулира со насловот

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести