verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Необјективност „забетонирана“ во насловот

on 2 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Sitel za portparolite na SJO

[Рецензија: Станува ли СЈО дел од Сорос и СДСМ?]

Дали обид за избалансирано информирање пропадна поради сугестивен, некоректен и политички обоен наслов? За написот што е предмет на оваа рецензија, одговорот е – да!

Овој напис се базира на шпекулации, односно непотврдени информации, што, за жал, не е практика невообичаена за новинарството. Ако се изземе насловот од целата анализа на објективноста и запазувањето на новинарските стандарди, може да се каже дека во овој напис е направен обид да се пренесат сите сознанија околу темата, да се укаже на дилемите што постојат и да се запази и континуитетот во третманот на темата – вработувања во СЈО.

Легитимно е обраќањето на новинарите до секоја државна институција и барањето информации, меѓу другото, дали и кого вработиле, бидејќи тие се финансирани од јавни пари, па, според тоа, и одговорни пред јавноста. Но, впечатокот дека се работи за пропагандистички медиумски материјал е бетониран веќе со недвосмислено политички спинуваната „дилема“ дадена во насловот.

 

 

Рецензија:Џабе труд кога насловот ја урива објективностаЛинк до оригиналниот напис: Станува ли СЈО дел од Сорос и СДСМ?

Датум и време на објавување: 27.08.2016, 16:15

Датум на рецензирање: 1.09.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

Станува ли СЈО дел од Сорос и СДСМ?“, прашува насловот на овој напис и со тоа прецизно ги исцртува контурите на политички обоениот пристап и на необјективноста со која се третира темата. Од аспект на вистинитоста, самиот наслов е податлив за анализа – иако тој прашува, текстот не дава одговор дали Специјалното јавно обвинителство со некаков потег станало некаков „дел“ од опозициска политичка партија (апсурдна конструкција), а уште помалку дека станало дел од Сорос (ако земеме предвид дека „Сорос“ е човек, тврдењето е смешно, но вообичаено таа референца подразбира невладини организации, кои се финансирани со пари на американскиот милионер и филантроп, Џорџ Сорос).

 

ПРОМАШЕНА ТЕМА ОД НАСЛОВОТ

А, ако текстот не дава одговор на прашањето, односно дилемата дадена во насловот – чуму тогаш таков наслов? Или, пак, текстот ја промашил темата, што е почетничка грешка во пишувањето?

Со насловот се сугерира дека се оправдани сомневањата во политичката обоеност на Специјалното јавно обвинителство, што е „евергрин-теза“ повеќекратно обработувана во медиуми со провладина ориентација. И овој наслов го „вергла“ истото, иако никаде нема званична потврда дали навистина опозициски настроени новинари и јавни личности станале дел од тимот на СЈО, што е неприфатлива манипулација.

„Медиумите неколку дена пишуваат за нивниот ангажман од страна на обвинителството но за тоа од СЈО сеуште нема одговор. Оттаму не одговорија дали се точни информациите кои се појавија во јавноста дека Шаќири, Јаневски и Џамбазоски ќе бидат во делот за односи со јавност во обвинителството. На прашањата на колкав период се ангажирани, колку го чини СЈО односно граѓаните нивниот ангажман,  по кој критериум се одбрани сеуште молчат од СЈО“.

Доколку мотивот за објавувањето на шпекулациите за Шаќири, Џамбазовски и за Јаневски навистина бил да ја информира јавноста, насловот, изваден од текстот, ваков каков што е, ќе звучеше поинаку, на пример: „СЈО молчи околу вработувањето на Шаќири, Јаневски, Џамбазовски“ или „Новинари блиски до опозицијата вработени во СЈО?“…

 

АКО НЕ ИЗВЕСТИЛЕ ДОСЕГА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ВО ИДНИНА

„Непотврдени информации од ова обвинителство говорат дека Шаќири и Јаневски веќе неколку дена се појавувале во СЈО. Изминатиот период овие новинари неколку пати јавно и жестоко па дури и на масовни собири ја критикуваа власта“.

Не е исклучено дека од СЈО и од наведените личности бил побаран, но не бил добиен одговор, па затоа се отишло на објавување шпекулации, исто како што не е исклучена можноста обвинителството самото да процени кога на јавноста ќе сака да ѝ обелодени кого ангажирало во секторот за односи со јавноста.

Заклучок кој тука се наметнува е дека треба да се направи разлика помеѓу шпекулации во функција на информирање на граѓаните и шпекулации кои имаат пропагандна заднина. Во овој напис, ги има и двете.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести