verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Епидемија на развод – со јавноста

on 1 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 5 - Pollogun e kaplon “epidemia” e divorce_ - http___ina-online.net_pollogun-e-ka

 

Напис: Полог зафатен од „епидемија“ на разводи пред венчавка, свадбите неуспешни како и Охридскиот Договор

Во Полошкиот Регион се забележува една појава на предбрачни „разводи“, пишува весникот „Лајм“. Како што известуваат медиумите, бројот на претходно одредените свадби што се откажуваат бележи голем подем. Само во еден ресторан во едно село од Општина Боговиње во Тетовскиот Регион, оваа година се откажани 17 резервирани свадби. Откажувањата се придружени од секакви скандали и од случаи што досега не се регистрирани во овие краишта.

„Шќипмедиа“ извести за една неуспешна свадба во едно село од Гостиварскиот Регион, каде што девојката избегала на денот кога требало да стане невеста. Ова се случило и летово во едно село познато за нашата редакција, но поради етички причини не го кажуваме. Да, вистина е, и за вакви вести сме слушале и порано, меѓутоа во овој случај, за да биде настанот уште потрагичен, невестата избегала со нејзиниот љубовник, кој бил вујко на момчето со кое таа требало да се омажи. Организираната веселба од страна на зетот не се откажала, туку напротив, таткото на зетот побарал од гостите да играат и да танцуваат бидејќи неговото семејство се спасило од кучката која во иднина ќе се претвореше во рак за тоа семејство. Ги сакал господ.

 

[Рецензија: Полог зафатен од „епидемија“ на разводи пред венчавка, свадбите неуспешни како и Охридскиот Договор]

„Главата на веста е половина вест“, вака би рекол еден професор, кој предава на еден од факултетите за новинарство во земјава. Оваа изрека има своја важност, секогаш имајќи го предвид ризикот од недоразбирањата што може да произлезат од неа. Многу од интернет-медиумите прават големи експерименти со главата на вестите. Насловите никогаш не претрпеле поголема трансформација отколку во ерата на дигиталните медиуми. Некои портали стигнале дотаму што насловот го поставуваат само поради кликот што ја отвора веста на нова страница. Наместо насловот да биде мамката со која ќе се фати читателот, тој се претворил во една мрежа, во која читателот се заплеткува и не се информира.

2Линк до оригиналниот напис: Полог зафатен од „епидемија“ на разводи пред венчавка, свадбите неуспешни како и Охридскиот Договор

Датум и време на објавување: 23.08.2016

Датум на рецензирање: 26.08.2016

Рецензент: Агрон Врангала

И толкав наслов не кажува ништо за неуспехот на Охридскиот Договор, но зборува многу за многуте разводи и за неуспехот на свадбите. Да разјасниме, предбрачни разводи! Многу добро, бидејќи и ова е еден „феномен“ што новинарството не го оставило нетретиран! Ова се феномени што ги интересираат новинарите од социјалните рубрики.

И тамам ќе се заплеткаш во мрежата на еден феноменален наслов и интригантетн вовед, те фаќа очај. Во текстот, ништо од разводите и од неуспехот на свадбите. Сè почнува и завршува со раскажување на една урбана легенда. Исто како да се зборува за некој дух што се појавува на некое мрачно место на градот и ги плаши случајните минувачи. Или како расказ за една црна мачка која навечер се претвора во една убава вештерка, само и само за да ги намами и потоа да ги голтне младите момчиња, кои останале доцна забавувајќи се по ноќните локали. Изгледа почнаа да ве вознемируваат овие редови, длабоко-длабоко во себе можеби почнавте да чувствувате малку страв. Не грижете се, тие се легенди. Потоа, не е дека сме невини во смисла на читање хорор-текстови. Сепак, ни остана меракот, кој ги смисли овие легенди со вештерки и вакви работи, да не видел тој навистина нешто?! Којзнае…

Да се навратиме посериозно на анализата, толку колку што може човек да биде сериозен во анализирање на ваквите текстови… Во текстот се зборува за неколку случаи на предбрачни разводи, откажување на претходно резервирани свадби, како и за исчезнување на невестите во првата брачна ноќ или и порано. Со малку зборови, текстот што сега засега го нарекуваме вест, сака да ја евидентира вкупната слика на една идентитетска криза која, можеби, ја има нашата младина во ова време. Или, и еден вид комплекс на инфериорност кон другиот, било ова во односите маж-жена, родител-дете, шеф-работник, политичар-граѓанин или некоја друга можна компарација, што веќе долго време не функционира како што треба.

Во ред, да речеме дека е така. Но, каде се изворите, каде се главните ликови, каде се статистиките, каде се жртвите што зборуваат за овие случувања, каде се авторите на овие скандали, каде се судиите или експертите (социолозите, комуниколозите, политиколозите, психолозите), што би ги споделиле нивните професионални искуства со читателот? Каде се? Нив ги нема. А во недостиг од тоа, во текстот може да прочитате и за последниот случај со онаа, невестата што избегала со вујкото на младоженецот, што е вистински бисер. И види го семејството на кутриот зет, наместо да очајуваат за тоа што им се случило, почнале да пеат, бидејќи на крајот на краиштата, како што се вели во содржината, таа невеста била „кучка која ќе се претвореше во рак за тоа семејство“, разбирате?

На овој толку забавен текст, не може да му се негира амбицијата што ја има за да открие негативни појави и да ги осудува истите. Само што, можеби, е потребен некој час консултации со возрасни луѓе што знаат барем две основни нешта за новинарската професија. Феноменот е многу посебен, дури и редакцијата заслужува пофалби за изборот на темата. Но, треба да се работи повеќе на начинот на третирање на ваквите случаи и да се почитуваат професионалните одредби на пишување текстови, кои познавачите на оваа област би ги категоризирале во комплексниот жанр на вестите, без оглед на овој текст, кој во недостиг на изворите и потврдените и посочени факти, излегол несериозен и посоодветен за жолтите рубрики и медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести