verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарски воајеризам

on 31 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Libertas za Ceca

[Рецензија: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа?]

 

 

Се осврнуваме на медиумска содржина со малку поодминат датум, но бидејќи доаѓа како предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ и затоа што опфаќа важни прашања, времето на објавување на сторијата е од минорно значење во однос на сериозните пропусти во неа од професионален и од етички аспект.

Една од општите сугестии на сите правила, учебници, прирачници, кодекси…, кога станува збор за известување на животот на славните, популарни личности, е дека и ова новинарство мора да ги почитува и понатаму основните начела и стандарди за вистинитост, новинарска вредност и за непристрасност.

 

08292016-Libertas-CecaЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа?

Датум и време на објавување:  18.08.2016 – 20:57

Датум на рецензирање: 31.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ВОАЈЕРСКО ОПШТЕСТВО

Вестите за познатите личности тргнуваат од една едноставна и исконска потреба на еден дел од медиумската публиката да се идентификува со личности што отскокнуваат од другите. Тие претставуваат, од некакви причини, модели за копирање на однесувањето.

Исто така, од некакви причини за кои сега и тука немаме време и место да ги елаборираме, познатите личности од естрадата, шоу-бизнисот, забавната сцена…, станаа најподатлив избор за модели за однесување. Оттаму и интересот на медиумите да ѝ понудат на таа публика информации плус за познатите. Тоа е резултат на едно типично воајерско општество. Би сакале да ѕирнеме дури и во спалните соби на нашите идоли, ако може.

 

И НОВИНАРСКИОТ ВОАЈЕРИЗАМ НЕ Е ОСЛОБОДЕН ОД ПРАВИЛА

Но, без разлика на тривијалноста и на „жолтилото“ со кое се обвиткани овие информации, новинарските експерти велат дека дури и кога станува збор за известување за животот на познатите, тоа новинарство не е ослободено од правилата. Останува и понатаму битно да се објави она што е вредно да биде вест, а не „новинарски воајеризам“.

Вообичаените прашања треба да се постават и кога се пишува за естрадните ѕвезди и старлети. На пример: Зошто ја пишувам оваа сторија? Дали постои оправдана новинарска причина за информацијата? Во конкретниот случај не се многу силни причините за потврден одговор, освен мега-популарноста на ѕвездата на која се однесува сторијата. Но, тоа навистина не е доволно зашто целата сторија е „потпрена“ врз шпекулации, а не врз факти. Тоа ја прави „климава“. Најмногу поради нерелевантниот извор, кој исто така е шпекулативен.

Потоа може да следува прашањето дали оваа информација е вредна за објавување, дали има елементи да биде вест. Нема. Повторно поради шпекулативноста.

Постојат и други прашања што ја проблематизираат оправданоста за објавување на вакви вести, како на пример: Колку време трошиме на безвредна, непотврдена информација? Дали за тоа време можевме да напишеме нешто новинарски повредно?

Секако, оние со спротивно мислење можат да се повикаат на атракцијата што ја носи сама по себе ѕвездата, но тоа е само доволно за евтина јадица за кликови, а не информација вредна за објавување.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести