verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И стара вест без ниту еден нов елемент, може да биде опасна

on 31 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 3 - 21 vjeçari rom dënohet me 13 vjet burg_ - http___ina-online.net_21-vjecari-ro

 

Напис: 21-годишниот Ром осуден на 13 години затвор за украдени 100 евра

Ромското семејство Сејфула во Куманово вели дека сè уште се шокирани од пресудата на судот за нивниот 21-годишен син што беше осуден на 13 години затвор за кражба на 100 евра.

Осудениот е Бирсан Сејфула, кој се обвинува дека со група ги нападнал тројца илегални Авганистанци мигранти во околината на Куманово и им украл 100 евра. И братот на Бирсан завршил со казна, но во куќен притвор, додека двајцата други напаѓачи се во бегство. Таткото на осудениот истакнал дека син му ќе одлежи затвор од 13 години, како да убил некого: „Оваа казна е срам за судството. Ова е гнасно. Поради оваа висока казна, здруженијата на ромската заедница најавија масовни протести доколку не се направи корекција на пресудата.“ (ИНА)

 

[Рецензија: „21-годишниот Ром осуден на 13 години затвор за украдени 100 евра“]

Актуелизирањето на континуираните проблеми е вообичаена стратегија на медиумите, но за во текстовите што реактуелизираат еден проблем да има вест или новост, нешто ново што би било во интерес на јавноста. Старите вести не може да се актуелизираат во форма како да се случиле сега. Тоа е прекршување на професионалната етика.

INA - 21 vjecari rom denohet me 13 vjet burg Линк до оригиналниот напис: „21-годишниот Ром осуден на 13 години затвор за украдени 100 евра”

Датум и време на објавување: 24.08.2016

Датум на рецензирање: 25.08.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Авторот зел еден стар настан и го „продал“ како да е актуелен. Всушност, настанот се случил во 2014 година, но ова не се открива во веста.

„Ромското семејство Сејфула во Куманово вели дека сè уште се шокирани од пресудата на судот за нивниот 21-годишен син што беше осуден на 13 години затвор за кражба на 100 евра“.

Не се појаснува дали тврдењето дека „ромското семејство Сејфула во Куманово вели дека уште се шокирани“ е нова информација. Дури, изјавата на таткото е стара и може да се најде пренесена по сите медиуми, цели две години порано.

Авторот не појаснува зошто го ставил акцентот на етничката припадност на осудениот. Доколку тој тврди дека токму етничката припадност била причина за големата казнена мерка што ја добило ова лице, темата требаше да се третира со повеќе посветеност. Актуелна, пак, можеше да стане само доколку сега скоро имало други слични настани, кога веќе нема нова изјава или друг елемент за конкретниот случај.

„Таткото на осудениот истакнал дека син му ќе одлежи затвор од 13 години, како да убил некого: „Оваа казна е срам за судството. Ова е гнасно. Поради оваа висока казна, здруженијата на ромската заедница најавиле масовни протести доколку не се направи корекција на пресудата.“ (ИНА)“

Практично, тука немаме вест, бидејќи нема ништо ново. Авторот не го исконтактирал повторно семејството на осудениот за да ја дознае нивната загриженост сега, по две години, и не дава никаков нов податок за случајот. Во содржината нема ниту некој правник или адвокат за да коментира дали пресудата пред две години била праведна и колку се чести таквите пресуди од судовите во Македонија. Ниедна „мамка“ не е употребена за да се повлече веста од минатото и да се донесе во сегашноста. Стара е и употребената фотографија.

На овој начин е направена манипулација со јавноста, не нудејќи им вест, туку нешто старо и веќе консумирано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

стереотипизација на една заедница

нема говор на омраза

Може да поттикне

ствара предрасуди

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести