verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скандал – без докази и без факти

on 31 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 2 - Ali Ahmeti si e “rehatoi” vëllain e ti_ - http___ina-online.net_kjo-eshte-vid

 

Напис: Како Али Ахмети му „најде“ работа на својот брат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, едниот од своите браќа уште од завршувањето на војната го вработил во рамките на вработувањата на Охридскиот договор. Фекри, за кого не се знае кога дипломирал и дали има некое високо образование, беше вработен на огласите што се објавуваа по војната од секретаријатот што беше воден од Муса Џафери, информира ИНА.

Но, тој потоа преминал како администратор во Општина Зајас и сега во Кичево. Како што дознава ИНА од извори во оваа Општина, братот на лидерот на ДУИ никогаш не отишол во работната канцеларија и не е виден некогаш на работното место. И други членови на семејствата на челниците на ДУИ, вклучувајќи ги и тие на Муса Џафери, се вработени по владини институции и одбори и земаат плата без да одат на работа. (ИНА)

 

[Рецензија: Како Али Ахмети му „најде“ работа на својот брат]

Вестите што претендираат дека претставуваат една некажана вистина до тој момент, треба да дадат една богата панорама на факти за на јавноста да ѝ е јасно за каков скандал станува збор.


[Recension: Ali Ahmeti si e “rehatoi” vëllain e tij me punë]Линк до оригиналниот напис:
Како Али Ахмети му „најде“ работа на брат му

Датум и време на објавување: 21.08.2016

Датум на рецензирање: 23.08.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Такви вести, како оваа што се рецензира, не може често да се забележат на страниците на информативните медиуми. Ова поради фактот дека тука се кажуваат многу интересни нешта во врска со вработувањето на братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и за начинот на кој се вработени доста голем дел од блиските на партиите на власт.

Ова ќе беше голем успех за еден новинар и голема чест што би му се направила на новинарството, доколку таквата вест беше комплетирана. Да почнеме без сомнежи дека содржината тргнува од еден позитивен тренд, што е задача на новинарството секаде, да ги открие валканите тајни и злупотребите на тие што се на власт. Проблемот е што целата оваа амбиција паѓа во вода во моментот кога тоа што се претставува во текстот, не се потврдува. Следува прашањето, што е новинарството, ако не објавување на потврдени факти?! Бидејќи, во спротивно, сите знаеме многу лоши нешта што се случуваат околу нас, но истите завршуваат во долгите разговори по маалските кафани или по неформални средби, бидејќи не можеме да ги потврдиме.

Таму се спомнува дека едниот од браќата на Али Ахмети бил вработен во администрација, но дека не се знае кога и каде ги завршил студиите, ставајќи го под прашалник неговото образовно ниво. Би бил професионален успех за авторот доколку дадеше докази и извори за откриените тврдења, но, како што е напишано, се останува во рамките на неколку претпоставки.

Во меѓувреме, информацијата можела да се потврди или барем да се искористеле неколку извори што може да зборуваат во врска со школувањето на братот на Али Ахмети. Можело да бидат тоа негови соселани, врсници, блиски и така натаму, кои со сигурност знаат нешто за нивото на образование на Фекри Ахмети.

Другиот дел, дека братот на Али Ахмети никогаш не стапнал во Општината, а камоли да оди таму како вработен, и дека ова го знае секој граѓанин на Кичево, да речеме дека е целосна вистина. Ако, како што тврди авторот на веста, навистина контактирал со луѓе што работат во Општина и потврдиле такво нешто, тогаш постапил професионално. Значи, немаме работа со празни зборови. Но, последната реченица, која гласи:

„И други членови на семејствата на челниците на ДУИ, вклучувајќи ги тие на Муса Џафери, се вработени по владини институции или одбори, добивајќи плати, но без да одат на работа“,

ja докажува несериозноста на овој текст. Реченицата вака како што гласи не кажува ништо потврдено, туку само пласира обвиненија. Во ред, може да има илјадници луѓе што земаат плата како администратори и седат дома, но ова не е однапред поврзано само со семејствата на функционерите на ДУИ и, второ, овде е потребно посериозно истражување. Барем да се земеа официјални податоци за тоа колкав е бројот на вработените во администрација, колку проценти од нив се Албанци, дали е постигнато правична и соодветна застапеност, како што тврди ДУИ, итн.

На крај, бидејќи е новинарско начело, зошто да не се праша и некое службено лице од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, дали е вистина дека повеќето вработени во администрација се луѓе блиски со ДУИ.

Кога би се собрале податоци и погледи од повеќе страни и извори, тогаш сигурно веста би направила голема врева и, зошто да не, би влијаела за зголемување на бројот на посетителите и убедливоста на содржините од овој портал.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести