verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој од спортски натпревар прави политички скандал

on 1 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Telegraf - Zaev so balistite

[Рецензија: ЗАЕВ СЕ ЗДРУЖИ СО „БАЛИСТИТЕ“: Лидерот на СДСМ покрај знамиња на УЧК навиваше за Шкендија (ФОТО)]

 

 

Текстот што е предмет на рецензија има цел неосновано и без факти да го претстави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на македонскиот народ и нација, бидејќи присуствувал на натпревар меѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и „Гент“. Заев е „виновен“ поради тоа што седел на неколку метри од местото каде што се „вееле знамиња на УЧК и шалови со карта на голема Албанија“, и, според текстот, тоа значи дека лидерот на опозицијата ја поддржува идејата за Голема Албанија.

Иако на овој натпревар присуствуваа и други политичари и јавни личности, само Заев се најде на мета на медиумската хајка поради овој гест. Од фудбалскиот клуб „Шкендија“ информираа дека државниот врв добил покана за вчерашниот натпревар, но тие не се одѕвале, а меѓу присутните бил и вицепремиерот Владимир Пешевски.

 

 

заевЛинк до оригиналниот напис: ЗАЕВ СЕ ЗДРУЖИ СО „БАЛИСТИТЕ“: Лидерот на СДСМ покрај знамиња на УЧК навиваше за Шкендија (ФОТО)

Датум и време на објавување: 26.08.2016 – 0:34

Датум на рецензирање: 31.08.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

„НАВИВАЊЕ“ ЗА ОЦРНУВАЊЕ

Што е вината на Заев што на фудбалски натпревар на трибини прави „селфи“, написот не нуди одговор. Да седиш до некого, автоматски не значи дека го поддржуваш во неговите ставови, па оттука и тоа што Заев седел во близина на навивачи кои развеале знамиња на УЧК, не значи дека ја поддржува нивната идеологија. Лидерот на опозицијата присуствуваше на голем спортски настан, односно на фудбалски натпревар на кој „Шкендија“, доколку победеше, ќе обезбедеше пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Таква можност ретко им се пружа на македонските фудбалски клубови.

„На трибините на арената „Филип Втори“ вечерва се појави и Зоран Заев, лидерот на СДСМ, каде Шкендија играше дуел со белгискиот ФК Гент. Тој седеше во ложата на трибините и си правеше „селфи“, додека во исто време на само неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК, шалови со карти на голема Албанија, а висеше и платно со ликот на балистот Џемо Хаса“.

За обвинувањата во кои Заев, наводно, се здружил со навивачите на „Шкендија“, т.н „балисти“, со свој став излезе и лидерот на опозицијата, кој истакна дека, како и многу од граѓаните, и тој го сака фудбалот: „Јас ја сакам Македонија и затоа навивам за нашите клубови. Вчера играа Македонци, Албанци, Бошњаци и други и сите се бореа за иста цел, тоа е убавината на спортот и на Македонија. Жално е што тоа не го препознаваат нашите противници. Јас ќе продолжам да го поддржувам македонскиот спорт и горд сум на тоа, се гледам на следниот меч“, се вели во реакцијата на Заев.

 

ДАЛИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ПОЈАВИ КАКО ПОЛИЦАЕЦ?

„На социјалните мрежи се појавија реакции и големи критики упатени кон Заев што се здружил со навивачите на Шкендија, т.н. „балисти“, кои се познати по националистички навивања и по сценографија и скандирања со кои ги величаат голема Албанија и УЧК. Критиките се особено поради тоа што Заев не е забележан на натпревари на националната репрезентација“.

Текстот што е предмет на рецензија „игра“ на национална основа, што е осудена и од самиот клуб кој во својата реакција за развиорените знамиња со политичка конотација вели дека тимот не може да ја контролира ситуацијата на трибините и дека се противи на тоа што се искористува за политички цели. И во однос на национализмот, од тимот истакнуваат дека во клубот играат петмина Македонци, генералниот секретар е Македонец и дека воопшто не станува збор за националистички клуб.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

верска дискриминација, политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести