Рецензии

Појдовна точка за една вест е вистината, а не спинот

на 4. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Беса го игнорира заедничкиот ифтар на разграноците на опозициските партии на Карадак!

Поранешниот командант на ОНА од Слупчане, Абедин Зимбери, објави една фотографија од заедничкиот ифтар на претседателите на разграноците на Куманово и на Липково од албанските опозициски партии Унитети, ДР-ДПА, НДП и ПДП, известува „Факте“. На состанокот отсуствувало само движењето Беса, а не се дава објаснување за нивното отсуство. На ифтар бил поканет и Абедин Зимбери, кој освен што ја објави оваа фотографија од средбата, напиша: „Шенаси Џеладини, Фатмир Зимбери, Амид Адеми, Менду Јашари, Мемет Бајрами, Исуф Сефери, Адриан Демири, Јуксел Исени.“ „Заеднички ифтар со разграноците на политичките партии на Липково и на Куманово: ДР-ДПА, Унитети, ПДП и НДП. На оваа средба бев поканет и јас како

Енрике бакнува, ама не во Скопје

на 4. 07. 2016 | | sq

[Реценција: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ!]

  Која е девојката што Енрике Иглесијас ја бакна на концертот во Скопје? Одговорот е никоја!
Текстот што е предмет на оваа анлиза не е ништо друго освен чиста шпекулација конструирана врз стара изјава на популарниот пејач и уште постара фотогафија. Линк до оригиналниот напис: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ! Датум и време на објавување: 21.06.2016, 09:52 Датум на рецензирање: 03.07.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПОДМЕТНАТА СТАРА ФОТОГРАФИЈА ОД МЕКСИКО СИТИ

„Латино заводникот Енрике Иглесиас на своите обожавателки им покажува кога е добро расположен. Некои од нив ги вади на сцена и ги бакнува в уста, по што тие остануваат

Без извори новинарството станува неверодостојно

на 2. 07. 2016 | | sq

Напис: Со ребалансот, буџетот на министрите Албанци се намали, на Чавков се зголеми

Со ребалансот на буџетот, не им се намалил буџетот на сите министерства. „Факте“ ви ја покажува во бројки сумата на пари што им се скратени на министрите Aлбанци со ова ревидирање на „државниот паричник“, но и ресорите каде оваа сума е видно зголемена. Со последните промени на државниот буџет, приходите се намалени за 48,7 милиони евра, додека трошоците се скратени вкупно за 13 милиони евра. Со ова во принцип е предвидено да нема скратување на плати, социјални трансфери, додека се укинуваат капиталните трошоци во висина од 45 милиони евра. Кратење на буџетот има кај Министерството за правда, кое од вкупно 6,2 милиони евра, се одрече од околу

Сечено, лепено и креирано за сеење омраза

на 1. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!] Да се наредат принтскринови од социјални мрежи и да се скројат според сопствената политичка пристрасност, не е новинарство. И премногу е неодговорно. Замислете: текст кој објавува говор на омраза, а се крие зад алибито дека пренесува принтскринови од социјални мрежи. Тоа не е новинарство. Линк до оригиналниот напис: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате! Датум и време на објавување: 30.06.2016, 13:44 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ЧАРШАФ ОД ПРИНТСКРИНОВИ

Само две реченици, во два различни пасуси, го „разбиваат“ чаршафот од принтскринови од социјалните мрежи. И дури ни во

Текстот ги виде кутиите, ама не ги виде специјалците

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ]

Ова е текст кој како да известува за работи што не се случуваат во Македонија, туку некаде во Индија… Она што фрапира е што е невозможно покрај сите работи што се појавија на социјалните мрежи и по порталите да не се знае што точно се случило, односно да го нема тоа во текстот.   Линк до оригиналниот напис: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ Датум и време на објавување: 30.06.2016, 17:40 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ОД ПОЧЕТОК СО НЕВИСТИНИ

„СДСМ и платениците продолжуваат со своите сценарија за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.“

Првата невистина ја има уште

Новинарот на смее да се поставува како судија

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица?]

  Ова е еден коментаторски и тенденциозен текст, политички мотивиран, кој има цел да ја наведе читателската публика дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е вионовен за дело за кое не е почната ниту судска постапка, а уште помалку е изречена пресуда. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица? Датум и време на објавување: 29.06.2016 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВЕДУВАЊЕ

Ваквата тенденција се гледа уште во насловот на написот во кој се тврди дека „Oпштина Струмица правела криминал со превозот“. На почетокот имаме вест

Измислената статистика не ја покрива пристрасноста

на 1. 07. 2016 | | sq

Напис: Студентите од Косово го напуштаат ТУ, УЈИЕ и другите приватни универзитети во Македонија

Голем број студенти од Косово не претпочитаат да студираат на универзитетите во Македонија, пишува „Журнал“. Дардан од Приштина за новинската агенција „Журнал“ вели дека никогаш нема да студира во Македонија. „Брат ми студираше во УЈИЕ, заврши студии по право и веќе четири години не може да најде работа. Дипломата му ја оспоруваат и велат дека нема вредност. Брат ми ми рече дека од УЈИЕ ги избркале најдобрите професори од Косово, како Хајредин Кучи и многу други. Со еден збор, според брат ми, УЈИЕ го претвориле во семејна чајџилница. Не само мојот брат, туку и братучед ми кој студира на Тетовскиот универзитет. Тој вели дека со нетрпение

Добра вест, несоодветен коментар

на 1. 07. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ – ДУИ лажела, Албанија му заблагодарува на Коце Трајановски за автобусот

Една народна поговорка вели „На лагата ѝ се кратки нозете“. Ова се докажа и со последниот случај, со „специјалниот подарок“ од заменик-премиерот на Македонија за албанската фудбалска репрезентација, еден панорамски автобус за да ги донесе нашите херои од аеродромот до центарот на Тирана, пишува „Факте“. Сите провладини медиуми во Македонија и во регионот известија за еден „голем“ успех на заменик-премиерот Халили, кој како жесток навивач на репрезентацијата, им подготвил еден посебен подарок, панорамски автобус. Кај Албанците се појави дилемата: дали автобусот навистина беше подарок или само позајмување за еден получасовен круг? По помалку од 24 часа се дозна дека Албанија преку нивната амбасада во Скопје му

Еден факт во џунгла од коментари

на 1. 07. 2016 | |
[Рецензија: БЕЗ ПРЕСЕДАН: СДСМ исто како и парламентарните сака да ги спречи и студентските избори преку свои платеници] Само три реченици од целиот текст не содржат коментаторски елементи или непроверени информации и се однесуваат на еден единствен факт: дека се одржаа студентски избори. Толку. Сè друго создава впечаток на партиско соопштение со конструкции наменети за напад и за дискредитација на „Студентски пленум“. Употребата на неиздржани конструкции (спин) е насочена кон дискредитација на опозицијата. Навивачкиот елемент се истакнува од едностраноста и создава сомнежи за политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: БЕЗ ПРЕСЕДАН: СДСМ исто како и парламентарните сака да ги спречи и студентските избори преку свои платеници Датум и време на објавување: 30.6.2016 – 12:46 Датум на рецензирање: 30.6.2016 Рецензент:

Гледање во кристална кугла

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ЕДЕН ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ: Или Судот ќе продолжи да се лигави пред странските амбасадори?]

  Во отсуство на веродостојни информации поткрепени од соодветни извори, текстот се занимава со шпекулации и со крајно непотврдени сознанија кои повеќе наликуваат на „гледање во кристална кугла“ отколку на вистинско новинарско четиво. Тезите се, во најмала рака, лабави, од правен аспект се мешаат „баби и жаби“… Впечатокот е дека станува збор за нечија внатрешна нервоза што, ете, избила на површина во форма на напис, некаков си.  Линк до оригиналниот напис: ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ЕДЕН ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ: Или Судот ќе продолжи да се лигави пред странските амбасадори? Датум и време на објавување: 29.06.2016 Датум на рецензирање: 30.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

СИЛЕН