Појдовна точка за една вест е вистината, а не спинот
Објавено во Рецензии
on 4 - 07 - 2016 Автор: Ferikan Iljazi
Напис: Беса го игнорира заедничкиот ифтар на разграноците на опозициските партии на Карадак!
Поранешниот командант на ОНА од Слупчане, Абедин Зимбери, објави една фотографија од заедничкиот ифтар на претседателите на разграноците на Куманово и на Липково од албанските опозициски партии Унитети, ДР-ДПА, НДП и ПДП, известува „Факте“.
На состанокот отсуствувало само движењето Беса, а не се дава објаснување за нивното отсуство.
На ифтар бил поканет и Абедин Зимбери, кој освен што ја објави оваа фотографија од средбата, напиша:
„Шенаси Џеладини, Фатмир Зимбери, Амид Адеми, Менду Јашари, Мемет Бајрами, Исуф Сефери, Адриан Демири, Јуксел Исени.“
„Заеднички ифтар со разграноците на политичките партии на Липково и на Куманово: ДР-ДПА, Унитети, ПДП и НДП. На оваа средба бев поканет и јас како почесен гостин. Средбата се одржа во една многу пријателска атмосфера во која се согласија, координацијата на активностите да продолжи и во иднина“ – напишал Зимбери.
Оваа средба беше втора по ред, бидејќи иста таква беше организирана и порано во која учествуваа и припадниците на движењето Беса за Липково-Куманово, но по средбата движењето Беса излезе со соопштение дека прашањето за опозициската соработка го префрлиле на Опозицискиот совет, кој се чини само ја попречува соработката со контроверзни ставови и со скандалозни претставувања на припадниците на тој совет.
Се чини дека ова соопштение и заканите на Ким Мехмети за можно бркање на движењето Беса од Опозицискиот совет доколку преговара со другите опозициски партии, направиле претставниците на Беса да не учествуваат ни во ифтарот што се постави синоќа од сите други опозициски партии од разграноците на Липково и на Куманово.
[Рецензија: Беса го игнорира заедничкиот ифтар на разграноците на опозициските партии на Карадак!]
Како да се коментираат текстовите што речиси немаат ниедна заедничка точка со информацијата и со веста? Кршењето на сите начела и правила во новинарството и искривувањето на вистината што е „света“ за новинарите ја деградира професијата. Некогаш новинарството беше коректор на политиката, а сега политиката е коректор на новинарството. Некогаш вистината беше појдовна точка за една вест, а денес е „спинот“ или нејзиното искривување.
Линк до оригиналниот напис: Беса го игнорира заедничкиот ифтар на ограноците на опозициските партии на Карадак!
Датум и време на објавување: 08.06.2016
Датум на рецензирање: 09.06.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Текстот што го рецензираме е една намерна манипулација, за наводно игнорирање на ифтарот на опозициските партии на Карадак од страна на движењето Беса. Била или не вистина, содржината нема никаква релевантност кога изгледа како коментар од новинарот. Актот на бојкотирање на ифтарот може да доведе до некоја друга информација, но информацијата мора да се потврди. Треба да се праша тој што се спомнува во текстот, движењето Беса, дали дадената информација е вистинита. Доколку тие го потврдат бојкотот на ифтарот, текстот би зел друг правец, но во оваа форма, како што е напишан, не може да има многу тежина, бидејќи изгледа како вест од „Фејсбук“.
„Поранешниот командант на ОНА од Слупчане, Абедин Зимбери, објави една фотографија од заедничкиот ифтар на претседателите на разграноците на Куманово и на Липково од албанските опозициски партии Унитети, ДР-ДПА, НДП и ПДП“.
Една фотографија и еден статус на „Фејсбук“ биле доволни за да се создаде оваа приказна. Освен тоа, даден е материјал за сомнежи и за поврзување на вистинити и невистинити настани, без ниеден факт!
„Оваа средба беше втора по ред, бидејќи иста таква беше организирана и порано во која учествуваа и припадниците на движењето Беса за Липково-Куманово, но по средбата движењето Беса излезе со соопштение дека прашањето за опозициската соработка го префрлиле на Опозицискиот совет, кој се чини само ја попречува соработката со контроверзни ставови и со скандалозни претставувања на припадниците на тој совет“.
На крај, во содржината се изразуваат сомнежи за отсуството на движењето Беса во овој ифтар.
„Се чини дека ова соопштение и заканите на Ким Мехмети за можно бркање на движењето Беса од Опозицискиот совет доколку преговара со другите опозициски партии, направиле претставниците на Беса да не учествуваат ни во ифтарот што се постави синоќа од сите други опозициски партии од разграноците на Липково и на Куманово“.
Да го видиме настанот преку очите на граѓанинот, а не преку очите на професионалноста во новинарство. Информации преполни со коментари и „надувување“ на нештата, го иритираат секој читател. Од насловот може да бидеме провоцирани за да кликнеме на веста со очекување дека ќе ја сфатиме причината за отсуството на оваа партија на ифтарот, но откако ќе влеземе во веста, сфаќаме дека насловот се демантира од текстот. Не можеме да дадеме такви класификации и заклучоци како „игнорираше“, бидејќи зборовите имаат своја тежина. Можеби некому ова изгледа многу „меко“, но другите читатели може да го перцептираат поинаку.
Затоа треба да се следат правилата на етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија, каде се напишани инструкциите како треба и како не треба да биде напишана една вест.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови