verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Гледање во кристална кугла

on 1 - 07 - 2016       

infomax

[Рецензија: ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ЕДЕН ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ: Или Судот ќе продолжи да се лигави пред странските амбасадори?]

 

Во отсуство на веродостојни информации поткрепени од соодветни извори, текстот се занимава со шпекулации и со крајно непотврдени сознанија кои повеќе наликуваат на „гледање во кристална кугла“ отколку на вистинско новинарско четиво. Тезите се, во најмала рака, лабави, од правен аспект се мешаат „баби и жаби“… Впечатокот е дека станува збор за нечија внатрешна нервоза што, ете, избила на површина во форма на напис, некаков си.

 1111Линк до оригиналниот напис: ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ЕДЕН ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ: Или Судот ќе продолжи да се лигави пред странските амбасадори?

Датум и време на објавување: 29.06.2016

Датум на рецензирање: 30.06.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

СИЛЕН ЧЕК, АМА БЕЗ ПОКРИТИЕ

На прашањето како текстот стои со вистинитоста, одговорот би бил – многу слабо. Да, се пласираат тврдења и заклучоци, ептен јаки, тврди, на прво гледање многу уверливи, ама ако се загребе под површината, лесно се доаѓа до тоа дека тие се како чек без покритие. Основната цел била да се направи паралела меѓу случајот на битолскиот градоначалник и проверките на финансиската полиција во Струмица, општина со која раководи лидерот на опозицијата. Од правен аспект е многу тешко да се споредуваат зашто станува збор за сосема различни фази на постапка. Првиот човек на Битола е осомничен за сериозни злоупотреби и врз основа на тоа Основниот суд му одреди притвор, што го потврди и Апелацискиот суд. Засега, во однос на ситуацијата во Струмица, станува збор за проверки на документација – полицијата побарала, Општината одговорила. Има време, поточно повеќе фази, додека да дојде можноста да се бара притвор за Зоран Заев за прашањето за трошење пари за превоз. Значи, не може да се примени некаков си „танте за кукурику“- принцип кога се работи за правна материја.

Понатаму, како некој да заборавил кои се надлежностите на Специјалното јавно обвинителство.

„Но, она што е вистински скандал е тоа што СЈО молчи кога станува збор за Струмица и превозот кој го организирал Зоран Заев, односно Катица Јанева нема намера кривично да го гони струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, иако струмичани плаќале поскап превоз.“

Во Законот за СЈО, пак, се вели:

Со овој закон се уредуваат надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на Јавното обвинителсто за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Значи, ако не е дел од прислушуваните разговори, за тој случај би било надлежно Јавното обвинителство. Оттука, зошто се прозива Јанева не е баш јасно. Најверојатно, поради незнаење, но и тенденциозност.

 

НЕТОЛЕРАНТНОСТ

Се зборува за огромен странски притисок врз судството што, наводо, се аргументира со средбата на американскиот амбасадор со претседателката на Врховниот суд, за која јавноста беше информирана?! Аха, има ли детали од состанокот, изјави кои би оделе во таа насока? Не! Тоа е јасен знак дека текстот има хроничен недостиг од извори. Ама, пак, затоа се нотира дека „Бејли се шета во боите на ЛГБТ“. И да е така, каква врска има тоа со темата? Никаква! Само укажува на нетолерантност кон лицата од таа заедница.

Во сличен стил се манифестира и пристрасноста која е придружена со низа коментари. Па, наспроти укажувањето во член 13 од новинарскиот Кодекс дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, безмалку половина текст е чист коментар:

„Во отсуство на поддршка од народот, главните инструменти кои им остануваат на СДСМ се СЈО и притисокот врз судот. Одлуката за притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, е типичен пример за потклекнување на дел од судството на бруталниот и невиден притисок на СДСМ врз судот.“

 

„Во јавноста нема дилеми дека станува збор за класична политичка хајка, бидејки е јасно дека Талевски постапувал законито кога станува збор за превозот на ученици.“

 

„Јавноста пак очекува ист третман и кон криминалот на Заев. Па оттука се поставува и прашањето: Ќе го задржи ли Судот истиот критериум и за криминалот поврзан со превозот во општина Струмица?“

Уште еден пример за затскривање партиски интереси зад терминот јавност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести