verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сечено, лепено и креирано за сеење омраза

on 1 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

netpres

[Рецензија: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!]

Да се наредат принтскринови од социјални мрежи и да се скројат според сопствената политичка пристрасност, не е новинарство.

И премногу е неодговорно. Замислете: текст кој објавува говор на омраза, а се крие зад алибито дека пренесува принтскринови од социјални мрежи. Тоа не е новинарство.

07012016-NetPress-Seceno-LeЛинк до оригиналниот напис: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!

Датум и време на објавување: 30.06.2016, 13:44

Датум на рецензирање: 01.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЧАРШАФ ОД ПРИНТСКРИНОВИ

Само две реченици, во два различни пасуси, го „разбиваат“ чаршафот од принтскринови од социјалните мрежи. И дури ни во тие две реченици нема воздржување од навредливи коментари, што само ја дообјаснува мотивацијата за една ваква медиумска содржина.

Според врвното правило на Кодексот на новинарите, поставено во преамбулата на овој правилник за професионално и етички исправно постапување на новинарите, нивна основна задача е:

… да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Наместо тоа, пред нас е содржина која не известува, туку  шири омраза.

Тоа, пак, е спротивно на членот 10 од Кодексот, кој вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Инаку, не е неможно во новинарски текст да се преточи атмосфера за некој феномен за кој се дебатира на социјалните мрежи. Но, тогаш социјалните мрежи стануваат извор од кој се создава содржина која, сепак, мора да ги почитува професионалните стандарди – да биде непристрасно и избалансирано пренесено мислењето на сите инволвирани страни.

И, се разбира, не сѐ што ќе се најде на интернет е вредно да биде медиумска содржина. Освен во случаи кога целта не е новинарска, туку исклучително политичка.

Всушност, ова е добар пример за сечено, лепено, креирано…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Селективно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести