verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Енрике бакнува, ама не во Скопје

on 4 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

think

[Реценција: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ!]

 

Која е девојката што Енрике Иглесијас ја бакна на концертот во Скопје? Одговорот е никоја!
Текстот што е предмет на оваа анлиза не е ништо друго освен чиста шпекулација конструирана врз стара изјава на популарниот пејач и уште постара фотогафија.

Која е девојката која ја бакна Енрике Иглесиас на концертот во СкопјеЛинк до оригиналниот напис: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ!

Датум и време на објавување: 21.06.2016, 09:52

Датум на рецензирање: 03.07.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ПОДМЕТНАТА СТАРА ФОТОГРАФИЈА ОД МЕКСИКО СИТИ

„Латино заводникот Енрике Иглесиас на своите обожавателки им покажува кога е добро расположен. Некои од нив ги вади на сцена и ги бакнува в уста, по што тие остануваат шокирани и блажени.
Се возбудувам кога сум на сцена. Не го правам тоа така често, само кога сум навистина добро расположен, изјави Иглесијас, додавајќи дека при бакнежот никогаш не „пушта јазик“.“

Освен сензационалистичкиот наслов, во текстот нема ниту еден единствен збор за бакнежот на Енрике којшто, наводно, се случил на концертот во Скопје.

Бакнеж со обожавателка, всушност, и не се случил на концертот во Скопје.

Насловот ќе добиеше сосема поинакво значење ако на крајот стоеше прашалник наместо извичник. Вака конструиран, насловот тврди дека се случил бакнеж, иако тоа не е вистина.

Сликата што стои како илустрација на текстот, всушност, е стара осум години! Енрике ја бакнал оваа обожавателка на 6 ноември 2008 година, на неговиот концерт во Мексико Сити.

Освен сликата, стара е и изјавата на Енрике цитирана во текстот во врска со неговите бакнежи на концертите.

Оваа изјава Енрике ја дал за радиото „Кис 108“ откако веќе двапати бакнал обожавателка на концерт. Но, изјавата на Енрике во текстот кој е предмет на рецензија, не е соодветно цитирана, ниту пишува за кој медиум ја дал, а уште помалку кога.

Целосната конструкција на оваа објава, почнувајќи од насловот и од фотографијата, е јадица фрлена за да се измамат читателите да кликнат на текстот. Написот воопшто не се грижи за тоа што ќе ја разочара публиката откако нема да ја добие ветената информација.

Текстот е манипулација и ни оддалеку не ги почитува новнарските правила и принципи, туку со засилен сензационализам ја извртува реалноста за придобивање повеќе кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести